Mladinski Sojuz Krusevo konferencija 1Младински Сојуз – Крушево, годинава, традиционално по 14ти пат ќе ја организира Меѓународната младинска конференција од 22 до 26ти септември во Крушево. Шеесет активни млади лидери од 16 земји (Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Франција, Германија, Грција, Косово, Црна Гора, Италија, Полска, Романија, Србија, Словенија и Турција) ќе се сретнат во Крушево за да ги продискутираат начините на кои младите лидери можат да го поддржат Евро-интегративниот процес на земјите од Југоисточна Европа.

Mladinski Sojuz Krusevo konferencija 1

 

Годинава, младите активни лидери ќе имаат можност да дискутират на следниве теми:

  • Балканското влијание за иднината на ЕУ
  • Промоција на духот на помирувањето и соработката меѓу младите од Западен Балкан
  • Национализмот како „нов“ феномен
  • Од Југосфера од Еуросфера Како може младите да влијаат врз интегритетот на владите?
  • Начини за подобрување на транспарентноста и борбата против корупцијата во земјите од ЈИЕ
  • Емиграцијата на младите и одливот на мозоци – можност или потреба за младите на Балканот?
  • Дигитална комуникација
  • Како со ИТ можат да се решат социјалните прашања во Југоисточна Европа?
  • Водечки урбани иновации на Балканот
  • Иновации во едукативниот систем
  • Gamification и дигитализација во едукацијата
  • Придонесот на младите во open source можностите
  • Предизвиците на претприемништвото во 21виот век
  • Социјално и рурално претприемништво на Балканот (co-working, co-living, дигитални номади, crowdfunding, микро-кредити)
  • Европа и мигрантите (причини, младински активизам и човекови права)
  • Глобална Британјја и сигурноста и стабилноста во земјите од Југоисточна Европа

Конференцијата се организира во партнерство со Фондацијата Фридрих Еберт, канцеларија Скопје, а поддржана е и од Пактот за стабилност за Југоисточна Европа и е дел од годишната програма за институционален развој, поддржана од Цивика мобилитас.