fbpx
x
Мени
Македонско Пенолошко Друштво

Македонско Пенолошко Друштво

Македонско Пенолошко Друштво
МПД
Macedonian Society of Penology
MSP
2017
Здружение на граѓани
Елена Мујоска Трпевска Претседател на Друштво
4080017566499
-
ул 1737 бр.32 локал 32 Скопје
Ул. 1737, бр.32, локал 32, 1000 Скопје
Центар
Скопски
Лилјана Василевска Администратор 075 205 881
02 3176777

Македонското пенолошко друштво претставува стручна, невладина, непартиска и непрофитна организација која се бави со пенологијата односно со унапредување и развивање на пенолошката мисла во Република Македонија. Формирано е од страна на повеќе еминентни претставници на правната наука и практика со различно поле на интерес.

Во општествени услови кога пенитенцијарниот систем се чини незаслужно запоставена тема, Македонското пенолошко друштво го рефлектира стремежот за прогрес како од аспект на постапувањето со осудените, нивното превоспитување и ресоцијализирање, така и во поглед на соодветната правна рамка воопшто. Користејќи ја сопствената шареноликост, во смисла на искуството и експертизата на членовите, Друштвото организира низа едукативни, истражувачки и слични настани односно активности преку кои ја манифестира својата социјално-одговорна улога и суштествена положба во невладиниот сектор.

Во остварувањето на мисијата, наши долгорочни цели се:

Развој на концептот на ресоцијализација на осудените лица.
Мониторинг над системот за извршување на санкциите и негово функционирање во практиката.
Опсервирање на посебните ранливи категории на лица под режим на санкции во казненото, прекршочното и извршното казнено право.
Анализа, евалуација и унапредување на легислативната рамка на системот на извршување на санкциите.
Сообразување со методологијата и насоките на европските стандарди и правила за извршување на санкциите.
Развој и унапредување на соработката со други здруженија на граѓани во земјата и во странствo и активно учество и апликација на научно истражувачки проекти во државата и странство.
Континуирана едукација за современите проблеми од областа на пенитенцијарното право.
Издавање периодична публикација и по потреба, разни други видови на списанија и брошури.
Нашата визија е „Праведно општество, почитување на правата, интегритет и достоинство за секого“.

Владеење на правото

Добро владеење

Развој на граѓанско општество

Човекови права

Информирање (на пр. градење свест)

Истражување

Општа јавност (сите граѓани)

Деца

Експерти од одредена област

Друго

22