Здружението за меѓународна младинска соработка „ИНТЕРАКТИВ“ од Битола е непрофитна, граѓанска младинска организација која има за цел да обезбеди можности за локалната младина но и соработка со младите на меѓународно ниво. Здружението е основано во јули, 2017 година во Битола, Република Македонија. Целта на здружението е да развива активности и можности за младите во сферата на неформалното образование, промовирање на здрави животни навики, културата и уметноста како и граѓанско општество кои ги поттикнуваат позитивните вредности кај младите луѓе.
Активноста на организацијата се фокусира на многу аспекти кои се од интерес за младите: од обезбедување на услуги и информации, до истражување и поддршка за креирање политики и мрежно поврзување. ИНТЕРАКТИВ работи на создавање на различни одговорни и кооперативни заедници каде што граѓаните активно придонесуваат за социјалниот развој и интеграција. Нашата мисија е да обезбедиме одржлив развој на заедницата преку создавање на можности за квалитетно ангажирање на граѓанското општество, унапредување на можностите за учење и активно вклучување на младите луѓе и другите граѓани.
НАШИ ЦЕЛИ СЕ:
- Придонес кон спроведување на целите за одржлив развој на Обединетите Нации на локално, национално и меѓународно ниво преку поттикнување на учеството на младите на национално, регионално и меѓународноно ниво;
- Учество на младите во процесите на европска интеграција и креирање на заедничка европска визија;
- Учество на младите во активности за промоција на култура на толеранција и ненасилство, мир и меѓународното разбирање;
- Активности за промоција на принципите на интергенерациска правда преку учество во креирањето и спроведувањето на јавните политики, на национално, регионално и меѓународно ниво;
- Активности за вмрежување и учество во меѓународни младински мрежи и коалиции кои делуваат во сферата на зајакнување на младите;
- Придонес кон намалување на сиромаштијата и креирање можности за учество на младите во активностите на национално, регионално и меѓународно ниво
- Промоција на различните култури и супкултура на живеење на младите преку организирање на различни настани: конференции, семинари, фестивали на младинска култура и сите други класични алтернативни форми и правци во уметноста;
- Заштита на културниот идентитет на млади припадници на ранливи категории, мали етнички заедници и национални малцинства;
- Други активности поврзани со развојот, перспективата и благосостојбата на младите луѓе.
Неформалното образование е особено важно за развојот на младите, а младите се тие кои што го претставуваат најдобриот скенер за откривање на вистинските проблеми што постојат во општеството. Со некои насоки тие можат да го откријат коренот на проблемот и да го изградат својот пат за да најдат трајно решение за да се ослободат од проблемот. ИНТЕРАКТИВ како организација е мотивирана да работи со младите. Тимот на ИНТЕРАКТИВ се состои од искусни младински работници и млади волонтери, кои се големи ентузијасти, креативни, мотивирани, активни, иницијативни млади луѓе.
Нашиот тим на младите им дава можности да се вклучат, да промовираат неформално образование, мултикултурализам, потреба од самовклучување и активно граѓанство, како и зајакнување на капацитетите на младите во локалната средина.
Владеење на правото
Толеранција
Транспарентност
Градење капацитети (обука, фасилитација, менторство, совети)
Застапување (на пр. креирање и влијание врз политики)
Информирање (на пр. градење свест)
Истражување
Раководење
Социјално-хуманитарна поддршка
Општа јавност (сите граѓани)
Граѓански организации
Деца
Етнички заедници
Медиуми
Млади и студенти
Образовни институции
Општини/единици на локална самоуправа
30
5