x
Мени
Како резултат на големата дискриминација врз лицата со епилепсија, недоволната едукација за епилепсијата и неможноста за правилна инклузија на лицата со епилепсија во повеќе сегменти на општеството, се роди идеа за формирање на една ваква организација. Кај нас малку се зборува за епилепсијата и таа сé уште е табу тема. Во голема мера медиумите придонесуваат за една ваква перцепција за ова нарушување, затоа што епилепсијата, нападите и лицата со епилепсија ги прикажуваат во поинакво, односно лошо светло и не внимаваат на фактот дека поголем дел од лицата со епилепсија се нормални луѓе и можат да водат нормален начин на живот. Нашите активности се одвиваат во насока на поддршка и помош на лицата со епилепсија.
This user account status is Approved

This user has not added any information to their profile yet.

Здружене на граѓани за лица со епилепсија и родители на деца со епилепсија во Република Македонија
Association of citizens with epilepsy and parents of children with epilepsy in Republic of Macedonia – EPILEPSIJA MAKEDONIJA
Здружение
Јоска Јорданоски бб, канцеларија 31, Прилеп
Кривогаштани
Пелагониски регион

Деан Бунески, претседател, +389(0)70234652, dbuneski@epilepsijamakedonija.mk

070234652
Деан Бунески, претседател
4060013500646
6920381

Визија:Создавање на општество каде ќе се почитуваат правата на лицата со епилепсија, и ќе им се овозможи социјален, здравствен и економски просперитет. Општество кое ќе има поддршка и почит кон лицата со епилепсија, и ќе им овозможи достоинствен живот.
Мисија: Информирање на оваа група граѓани од областа на здравствената заштита.Намалување на дискриминацијата врз лицата со епилепсија.Промоција, почитување и заштита на правата на лицата со епилепсија во Македонија и унапредување на нивниот социоекономски статус. Обединување на лицата со епилепсија и родители на деца со епилепсија, како и нивна континуирана едукација и насочување, со цел да се подобри квалитетот на живот на лицата со епилепсија.Зголемување на можностите за вклучување како и социјална сигурност на лицата со епилепсија. Подобрување и зголемување на општествената положба на лицата со епилепсија во Република Македонија.
Цели: Да се подобри квалитетот на животот на сите луѓе со епилепсија и нивните семејства, како и да се овозможи подобро разбирање на природата на епилепсија и потребите на луѓето со епилепсија;
Да се зголеми јавната и професионална свест за епилепсија како нарушување кое може да се лекува;
Да се идентификуваат потребите на луѓето со епилепсија на национално и регионално ниво;
Да се поттикнат институциите да одговорат на потребите на луѓето со епилепсија.

2013
Друго, Здравје и здравствена заштита, Лица со посебни потреби, Развој на граѓанско општество, Човекови права
Информирање (на пр. градење свест), Истражување, Социјално-хуманитарна поддршка
Општа јавност (сите граѓани), Граѓански организации, Деца, Лица со болести, Лица со посебни потреби, Медиуми, Млади и студенти, Општини/единици на локална самоуправа, Други маргинализирани групи, Друго
ЕПИЛЕПСИЈА МАКЕДОНИЈА
EPILEPSIJA MAKEDONIJA
Илинденска бр.2, Кривогаштани, Кривогаштани
Локално / Општинско, Регионално (во рамките на РМ), Национално (Македонија)
500
10
1