x
Мени

This user has not added any information to their profile yet.

09/05/2017
ГЕШТАЛТ ЦЕНТАР Младен Костиќ АСПЕКТИ
GESTALT CENTER Mladen Kostikj ASPECTS
граѓанско здружение
ул.Водњанска (Мајка тереза) бр.44
Центар

Снежана Андреева, претседател
070360432
a_snezana@hotmail.com

071878706
Снежана Андреева, претседател
4080010509740
6565220

ГЕШТАЛТ ЦЕНТАР Младен Костиќ АСПЕКТИ е здружение кое првично беше регистрирано како Асоцијација за креативен развој, психотерапија и едукација. Мотивацијата за нејзиното основање произлезе од потребата да им се помогне на граѓаните во промена на свесноста за значењето на психосоцијалното здравје преку креативна адаптација во услови на брзи општествено-економски промени во заедницата, со хуманистички и едукативен пристап. Нашата визија е нашиот центар да биде значаен фактор во општествената заедница кој преку своите едукативни, искуствени, истражувачки, советодавни и други активности ќе придонесе кон зголемување на свесноста на граѓаните за потребата од психосоцијална подршка во насока на поквалитетен соживот. Нашата мисија е грижа и афирмација за психосоцијалното здравје на сите категории на граѓани (без дискриминација) за да се надминуваат стереотипите и предрасудите па и во однос на психолошкото советување и психотерапија; приближување на истите кон граѓаните преку едукативни, искуствени советодавни активности во насока на превенција и унапредување на квалитетот на живеење. Методите на работа се искуствени, доживувачки, интерактивни во групи или со индивидуалци, дискусии, трибини, презентации, работилници. Основната дејност е советодавна и едукативна во насока на зголемена свесност за себе и зголемена свесност за другите што води до позитивна промена и разбирање.
Од постоењето до денес се занимава со развивање на свесноста на граѓаните преку обуки, едукативни проекти, психо-социјална помош и подршка на млади, на професионалци и мобилни тимови кои работат со мигранти и бегалци. Поддржани од Цивика мобилитас со мал акациски грант 2015/16 г.

2010
Возрасни, Деца, млади и студенти, Добро владеење, Здравје и здравствена заштита, Информации, комуникации и медиуми, Лезбеjска, геј, бисексуална, трансродова и интерсексуална заедница (ЛГБТИ), Меѓуетнички односи, Миграција, Образование, наука и истражување, Развој на граѓанско општество, Родови прашања, Толеранција, Транспарентност
Градење капацитети (обука, фасилитација, менторство, совети), Информирање (на пр. градење свест), Социјално-хуманитарна поддршка, Друго
Општа јавност (сите граѓани), Граѓански организации, Деца, Експерти од одредена област, Етнички заедници, Жени, ЛГБТИ, Лица со болести, Млади и студенти, Образовни институции, Сиромашни лица, Стари лица, Други маргинализирани групи
АСПЕКТИ