x
Мени

Регионален форум „Рудници – Да или Не?“: Повеќе од јасно, сите се за НЕ!

Четворица градоначалници, претставничка на граѓанска иницијатива и раководителка на Центарот за развој на Југоисточен плански регион беа панелистите на Регионалниот форум „Рудници – Да или Не?“, што се одржа на 5 декември 2017 година во Струмица, а се однесуваше на актуелната ситуација со веќе отворените рудници, како и дадените концесии за отворање нови рудници во […]

Регионални форуми на Цивика мобилитас

Цивика мобилитас ги најавува двата регионални форуми, кои ќе ги организира во југоисточниот и во полошкиот регион. Форумот „Депонии: каде и кога?“ ќе се одржи на 4 декември со почеток од 10 часот на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово и уште еднаш ќе го актуелизира долгогодишниот проблем со депониите и барањето решенија за нив. […]

Почнуваат регоналните форуми на Цивика мобилитас

Со организирањето на форумот за пелагонискиот и југозападниот регион, во петок, на 24 јуни 2016 година во Битола, започнува новиот циклус регионални форуми на Цивика мобилитас – „Твој простор – твој глас“. Форумот ќе се одржи во рамки на фестивалот „Битола отворен град“, ќе започне во 12 часот и ќе се одвива во кафе барот „Порта џез“ и делумно на улиците во Битола.

Ајде да придонесеме за почиста околина!

Под ова мото се одвиваше регионалниот форум на Цивика мобилитас за полошкиот и скопскиот регион што се одржа во просториите на Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ) во Тетово на 25 октомври 2016 година. Вкупно 62 претставници на граѓански организации, граѓански иницијативи, медиуми и институции разговараа не само за загадувањето кое не е нова вест во двата региони, туку за тоа како да се најдат решенија за загадената почва, вода и воздух.