fbpx
x
Мени

За што се наменети средствата на граѓанските организации во Македонија?

За што се наменети средствата на граѓанските организации во Македонија?

Како да го унапредиме просторот за делување на граѓанските организации

Трендот на стеснување на просторот за делување на граѓанските организации на глобално ниво, за жал, не го заобиколи ниту Балканскиот регион: само во 2016 година просторот за ефективно делување на граѓанските организации во Западен Балкан и Турција е значително ограничен, со голем број на инциденти и случаи на кршење на правата кои се регистрирани во […]

Извештај за состојба на слободата на изразување и судството во МК ЗНМ септември 2014

Во прилог следи кратко истражување во форма на документ за јавна политика кое се базира на забелешките за работата на судовите и на медиумите од повеќе институции кои се групирани во три дела и тоа: интернационални политички организации и интернационални граѓански организации, локални јавни и граѓански организации.

Документ за јавна политика – Употреба на механизмите за консултација на граѓаните на локално ниво

Вклучувањето на граѓаните во процесите на донесување на одлуки е тесно поврзано со децентрализацијата. Успешната децентрализација бара високо ниво на учество на локалната заедница во овие процеси. Локалните власти кои се ориентирани кон ефективна комуникација со граѓаните, се во позиција да им служат на граѓаните и да се фокусираат на “вистинските” приоритети и со тоа […]

Прирачник за користење на институционалните механизми за заштита на ЛГБТИ заедницата

Целта на овој прирачник е да ги собере на едно место сите информации што им се потребни на ЛГБТИ лицата за препознавање и за пријавување насилства и говор на омраза врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет.

Како до подобра законска регулатива која ќе ги заштити граѓанските организации од арбитрарни инспекции и контроли во областа на даночното работење?

Овој документ содржи препораки за подобрување на законите кои го уредуваат персоналниот данок на доход, надворешната (даночна) контрола и овластувањата на органите на прогон при спроведување на предистражни дејствија. Документот се заснова на детална правна анализа на спроведените инспекции и контроли над 21 граѓанска организација во периодот од декември 2016 до мај 2017 година. Препораките произлегуваат од идентификуваните проблеми […]

Анализа за стратешко водење на предмети во судска постапка од областа на дискриминација

Македонското здружение на млади правници (МЗМП) активно работи во областа на заштитата од дискриминација веќе неколку години. Така, здружението беше меѓу првите кое подготви извештај за потребата од донесување закон за заштита од дискриминација, а потоа и анализа на ефикасното спроведување на новодонесениот закон од страна на институциите. Проектот „Борба против дискриминација преку стратешко застапување, зајакнување на улогата на граѓанските организации, е […]

Предлог на граѓански организации за итни демократски реформи

Овој документ претставува надградба на „Предлогот за итни демократски реформи“, подготвен од група граѓански организации и експерти во почетокот на јули 2016 година. Оригиналната цел на документот останува иста, односно тој треба „да даде поттик, насоки и детални активности кои се неопходни за враќање на демократските стандарди и вредности, за постигнување напредок во одредени области […]

Предлог за итни демократски реформи

Овој документ претставува заеднички потфат на група граѓански организации и е резултат на синергија и соработка помеѓу нив, научни работници и експерти (прилог 1). Ваквиот заеднички потфат е одговор на актуелната политичка криза, назадувањето на демократските стандарди и во владеењето на правото и губењето на кредибилитетот на институциите. Документот е комплементарен со заложбите на движењето „#Протестирам/Шарена ре- волуција“ во барањата за […]

Поврзување на граѓаните: дигитални комуникации во граѓанскиот сектор во Македонија

Анализата „Поврзување на граѓаните: дигитални комуникации во граѓанскиот сектор во Македонија“ се осврнува кон користа и потребата од ефикасно и ефективно комуницирање на граѓанските организации со своите целни групи и пошироката јавност користејќи современи комуникациски алатки и техники. Дополнително, ги истражува капацитетите и ресурсите со кои располагаат граѓанските организации, а кои се однесуваат на дигиталните […]

1 2