x
Мени

Урбани Акции, греано вино, вруќа ракија и домашни колбаси

Контакт: scca@scca.org.mk

Локација: Парк на Франкофонија, Скопје

Изложбата се состои од повеќе од 40 фотографии од урбаните акции работени изминативе 3 години со посебен акцент на најпрепознаените акции спроведени во текот на 2017-та година.
Идејата на проектот Урбани уметнички акции е да ги открива, реагира, комуницира па дури во некои случаи делумно да ги решава локалните проблеми со кои граѓаните се соочуваат преку заеднички организирани акции на уметниците, архитектите (особено проблемите од сверата на урбанизмот и инфраструктурата) активистите, невладиниот седктор и граѓаните кои се соочени со проблемот.
Проектот е базиран на партиципативните модели на решавање на урбаните (комунални) проблеми преку спроведување најразлични креативни акции, кои покрај директните пораки за решавање на детектираните проблеми ќе овозможат и едукација и поврзување на граѓаните со уметниците/архитектите и граѓанските активисти и нивен заеднички настап за решавање на други нови проблеми.
Едновремено проектот користи уметнички пристапи и уметничка реализација и продукција за позитивно да влијае на урбаниот пејзаж вообличувајќи го и давајќи му додадена вредност со нови и иновативни естетски решенија.
Проектот е поддржан од:програмата за акциски грантови на Цивика Мобилитас, Европска културна фондација и Фондација Отворено Општество Македонија.