x
Мени

Практична работа – предизвици и примери од регионот

Во рамките на Регионалната Платформа за социјални иновации во младинското вработување (YOUSEE), Младинскиот културен центар – Битола (МКЦ – Битола) Ве поканува на презентација и јавна дискусија на тема: „Практична работа – предизвици и примери од регионот“.

Основна цел на презентацијата и јавната дискусија е претставување на состојбите и предизвиците со практичната работа (работна и студентска пракса) во Република Македонија како и претставување на примерите од регионот, вклучувајќи го и предлог Законот за изведување на работна пракса во Црна Гора, кој беше развиен во рамките на проектот.

Воведничари:
Златко Талевски - Извршен директор на МКЦ – Битола

Санда Ракочевиќ – Координатор на YOUSEE Платформата одПодгорица, Црна Гора

Игор Милошевиќ – Асоцијација за демократски просперитет ЗИД од Подгорица, Црна Гора

Мирјанка Алексевска – Раководител на сектор за политики од областа на трудово право и политики за вработување - Министерството за труд и социјална политика

Претставник на Министерството за образование и наука на РМ (се очекува потврда)

На настанот се поканети претставници од релевантни институции, младински организации и граѓански организации кои работат со млади, претставници од бизнис секторот и медиуми.

Настанот е во рамките на Регионалната Платформа (YOUSEE) со поддршка на фондови од Европската Унија. Повеќе информации за проектот на www.youseefor.me

Презентацијата и јавната дискусија ќе се одржи во четврток 22 март 2018 година во просториите на Јавна соба ул. 50 дивизија 22 Скопје – Makers Room со почеток во 12.00 часот.