fbpx
x
Мени

Панел дискусија „Како до праведно оданочување“

Асоцијацијата на економски истражувачи Ве поканува на панел дискусија во петок, 20 април 2018, во хотел „Бест Вестерн Турист“ со почеток во 11 часот. Темата на оваа панел дискусија е „Како до праведно оданочување“, тема која е прилично актуелна во јавноста.

Најавените можни промени во даночниот систем на Република Македонија во изминатиот период се предмет на јавна дебата од страна на повеќе засегнати страни. Креаторите на економските политики во Република Македонија новите даночни политики ги правдаат со потребата да се намали јазот меѓу богатите и сиромашните, бизнисмените и менаџерите тврдат дека со тоа ќе се казнат успешните, додека поранешни министри за финансии велат дека во јавноста ги слушаме само богатите, кои се противат на промените, затоа што си ги штитат интересите.

На оваа трибина, неколку граѓански организации од областа на економијата, даноците и социјалната правда, ќе дадат свое видување за тоа како да се дојде до праведна даночна политика.

Целта на овој настан е да дадеме осврт кон постоечката даночна политика, да аргументираме за различните ставови за тоа каков даночен систем би бил праведен и кој е патот до остварување на таквиот праведен даночен систем во Република Македонија.

Панелисти на настанот се:

- Славко Лазовски, експерт за даночни прашања од Центарот за даночна политика;

- Билјана Дуковска од Македонска платформа против сиромаштија;

- Оливер Митов од Центарот за правни истражувања и анализи;

- Бојана М. Христовска од Аналитика.

Панелот ќе го модерира д-р Даниела Мамучевска од Економскиот факултет при УКИМ.