Во изминатите десетина години граѓанските движења направија огромни промени во општеството. Тие беа гласот на јавноста што одекнуваше низ улиците и на социјалните мрежи, во време кога многу тешко можеше да се слушнат барањата на граѓаните во медиумите. Почнуваа партизански, беа осамени во нивните битки и затоа многу полесно беа потиснувани од власта. Но, како што одминуваше времето така стануваа се погласни и помасовни, а оние кои им се придружуваа беа похрабри во своето „јас“. Се протестираше против поскапувањето на струјата, водата и парното, против полициска бруталност, против изградбата на црквата на главниот плоштад во Скопје, се изродија пленуми, се создаде „Протестирам“, најмасовна беше „Шарена револуција“, а денес битката се води за запирање на рудниците во неколку општини во државава
автор: Маја Јовановска

Сторијата е изработена во рамки на проектот „Известување за граѓанското општество и неговото влијание врз промените во општеството“, што го спроведува Македонскиот институт за медиуми во партнерство со Центарот за истражувачко новинарство – СКУП Македонија, со финансиска поддршка од програмата Цивика мобилитас