Додека новата Влада е посветена на законски измени во областа на социјалата и бара модел како да го унапреди социјалното претприемништво, граѓанските организации се обидуваат преку обуки да им помогнат на социјално и економски ранливите категории и да ги направат конкурентни на пазарот на труд. Помогнати од програмата Цивика Мобилитас неколку домашни организации имаат успешни проекти низ кои десетици жени се вработиле. Многу од нив биле жртви на семејно насилство, пропаднати, со нарушена самодоверба, но после обуките тие испливале од дното и полека стануваат интегрален дел од општеството. Дали ваквите обуки се доволни за самохраните мајки и жртвите на насилство да исчекорат кон иднината? Дали државата има капацитет да се вклучи во ресоцијализацијата на оваа категорија жени? И уште некои други прашања одговара видео сторијата „Чекор кон…“

 

 

Сторијата е изработена во рамки на проектот „Известување за граѓанското општество и неговото влијание врз промените во општеството“, што го спроведува Македонскиот институт за медиуми во партнерство со Центарот за истражувачко новинарство – СКУП Македонија, со финансиска поддршка од програмата Цивика мобилитас.