x
Мени

Компонента 3

Истражување и развој

Активностите за истражувањето и развојот придонесуваат за креирање нови знаења за граѓанското општество, како и за развивање практични алатки.

Планирани се истражувања во областите на доброто владеење, децентрализацијата, општествени промени; индексот на граѓанското општество и неговата применливост за институционален развој и организациско јакнење; и трансверзалните теми: родови прашања, меѓуетнички односи и миграции.

Исто така, Цивика мобилитас го испитува и јавното мислење за граѓанското општество преку анкети со населението за довербата во граѓанското општество, општествената одговорност на граѓаните и други теми.

Цивика мобилитас разви алатка за самооценка на граѓанските организации, која е наменета за нивна инспирација и водење во откривањето на организациските и институционалните јазови и формулирање идеи за подобрување на организациите. Планирано е да се подготви и сеопфатен адресар на граѓанските организации, како и електронска платформа.