fbpx
x
Мени

Прашања и одговори

Линијата за поддршка на Цивика мобилитас им е на располагање на потенцијалните апликанти за собирање и одговарање на прашања поврзани со овој повик за предлози.

Прашањата може да бидат поднесени преку електронска пошта на следната електронска адреса: helpdesk@civicamobilitas.mk

Пораките пратени до линијата за поддршка, треба да се насловени со референтниот број за овој повик: ЦМ-САК-02.

Прашањата исто така може да бидат поставени и по телефон. Сепак, на персоналот на линијата за поддршка му е наложено да побара од вас да ги доставите сите ваши прашања во писмена форма и да ги испратите на наведената електронска адреса. Прашања може да бидат поставени и преку веб-страницата на Цивика мобилитас.

Прашањата може да бидат поднесени до линијата за поддршка, не подоцна од 10 календарски денови пред крајниот рок за овој повик. Цивика мобилитас нема обврска да обезбеди одговор на прашањата кои ќе бидат поднесени по овој рок.

Цивика мобилитас ќе одговори на сите прашања, не подоцна од пет календарски денови пред крајниот рок на овој повик. Одговорите на сите поставени прашања ќе бидат објавени на оваа веб-страница.

Цивика мобилитас ги поттикнува апликантите редовно да ја следат веб и фејсбук страницата, за да бидат навремено и соодветно информирани за најновите прашања и одговори.