x
Мени

Обрасци за аплицирање

Пријавите за овој повик за предлози мора да бидат поднесени преку образецот за аплицирање. Овој образец се состои од следниве делови:

ДЕЛ А: Резиме на акцијата, кое содржи краток преглед и извршно резиме;

ДЕЛ Б: Акција, составена од Актери; Релевантност на акцијата; Опис на акцијата; и Влијание и одржливост.

ДЕЛ В: Изјава, со која апликантот потврдува дека се согласува со условите на повикот за предлози и искажува посветеност за спроведување на предложените активности со поддршката од специфичниот акциски грант;

ДЕЛ Г: Прилози, кои ги содржат следните документи:

ДЕЛ Д: Листа за проверка, за да се потврди дека деловите од А до Г се пополнети и комплетирани (на соодветен начин);

Пријавата мора да биде пополнета на компјутер (пријави напишани на рака нема да бидат прифатени) и да биде поднесена на македонски јазик.

Цивика мобилитас нема да ги прифати пријавите кои се поднесени по електронски пат, истите ќе мора да бидат пратени по пошта или лично доставени, целосно отпечатени и потпишани. Во спротивно, пријавите ќе бидат елиминирани во текот на административната проверка и нема да бидат оценувани од Комисијата за избор на грантови.

За повеќе информации Ве молиме внимателно прочитајте го Водичот за апликантите.