x
Мени

Повик за специфични акциски грантови ЦМ-САК-02

ПОВИКОТ ЦМ-САК-02 Е ЗАТВОРЕН

Цивика мобилитас објавува повик за доделување специфични акциски грантови, реф. бр. ЦМ-САК-02.

Специфичните акциски грантови на Цивика мобилитас им се наменети на граѓанските организации регистрирани според Законот за здруженија и фондации (2010) за воспоставување и работа со таканаречени „платформи за соработка“ меѓу апликантот, грантистите и тимот на Цивика мобилитас.

Специфичните акциски грантови на Цивика мобилитас им се наменети на граѓанските организации регистрирани според Законот за здруженија и фондации (2010) за воспоставување и работа со таканаречени „платформи за соработка“ меѓу апликантот, грантистите и тимот на Цивика мобилитас, на следните теми:

  • истражување и развој (ИР),
  • информации и комуникации (ИК) и
  • набљудување, оценка и известување (НОИ).

Во пријавите можат да се вклучат и партнери и соработници, но тоа не е задолжително. Партнери можат да бидат и научно-истражувачки установи; високообразовни установи; медиуми и синдикати или организации на работодавачи.

Повикот се состои од Водич за апликантите и Образец за пријава со прилози.

Времетраењето на активностите од овој повик треба да биде 24 месеци. Големината на побараниот грант треба да биде од 2.500.000 до 3.500.000.

Расположливиот вкупен износ за повикот е 10.600.000 денари.

Овој Повик за предлози ќе биде отворен до 15 март 2016 г. до 16 часот, до кога треба да бидат примени сите пријави, вклучително и оние доставени лично, по курирска служба или по пошта. Пријавата мора да е поднесена во печатена (на хартија) и во електронска форма (на ЦД или УСБ).

Пријавата се поднесува на следнава адреса: Македонски центар за меѓународна соработка (МЦМС) за Цивика мобилитас, ул. Никола Парапунов, бр. 41а, Пошт. фах 55, 1060 Скопје. Цивика мобилитас нема да ги прифати пријавите кои се поднесени по електронски пат.

Заинтересираните може да ги испратат своите прашања по писмен пат на: helpdesk@civicamobilitas.mk не подоцна од 10 календарски денови од крајниот рок за поднесување на пријавата.

Цивика мобилитас ќе одржи една информативна сесија за овој повик за предлози. Следете ја веб-страницата и страницата на Фејсбук на Цивика мобилитас и информирајте се за евентуални промени или за последните прашања и одговори.

Цивика мобилитас е проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) за поддршка на граѓанското општество, која ја спроведуваат НИРАС од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Шведскиот институт за јавна администрација (СИПУ).