x
Мени

Прашања и одговори

Линијата за поддршка на Цивика мобилитас им е на располагање на потенцијалните апликанти за собирање и одговарање на прашања поврзани со овој повик за предлози.

Прашањата може да бидат поднесени преку електронска пошта на следната електронска адреса: poddrska@civicamobilitas.mk

Пораките пратени до линијата за поддршка, треба да се насловени со референтниот број за овој повик: ЦМ-ИНС-01

Прашањата исто така може да бидат поставени и по телефон. Сепак, на персоналот на линијата за поддршка му е наложено да побара од вас да ги доставите сите ваши прашања во писмена форма и да ги испратите на наведената електронска адреса. 

Прашањата може да бидат поднесени до линијата за поддршка, не подоцна од 15 календарски денови пред крајниот рок за овој повик. Цивика мобилитас нема обврска да обезбеди одговор на прашањата кои ќе бидат поднесени по овој рок.

Цивика мобилитас нема обврска да одговара на прашањата што не се поднесени до персоналот на линијата за поддршка, туку се поднесени до другиот персонал на Цивика мобилитас. На персоналот на Цивика мобилитас му е наложено да не одговара на овие прашања и да ги пренасочи кон линијата за поддршка.

Цивика мобилитас ќе одговори на сите прашања, не подоцна од 10 календарски денови пред крајниот рок на овој повик. Цивика мобилитас редовно ќе ги објавува сите одговори на оваа веб-страница. Цивика мобилитас ги поттикнува апликантите редовно да ја следат веб-страницата, за да бидат навремено и соодветно информирани за најновите прашања и одговори.