x
Мени

Повик за предлози за практиканство ЦМ-ИНР-01

ПОВИКОТ ЦМ-ИНР-01 Е ЗАТВОРЕН

Цивика мобилитас објавува повик, реф. бр. ЦМ-ИНР-01, за доделување мали грантови за практиканство кои ќе понудат поддршка на интеракцијата меѓу граѓанските организации, другите актери на граѓанското општество и нивните конституенти од Швајцарија и Македонија.

За да биде подобен за грант во рамките на овој Повик за предлози, апликантот мора да има минимум 18 години и да биде државјанин на Швајцарија со потекло од Македонија и/или пак државјанин на Македонија кој постојано или привремено живее/престојува во Швајцарија.

Во рамките на овој Повик за предлози, пријавите мора да вклучуваат еден или повеќе соработници. Овие соработници мора да бидат актуелни институционални (ИНС), акциски и/или специфични акциски грантисти на Цивика мобилитас, како и проектната канцеларија на Цивика мобилитас.

Повикот се состои од:

Грантовите не смеат да траат подолго од 6 месеци и не смеат да ја надминат сумата од 6.000 швајцарски франци (или во просек, не смеат да надминат 1000 швајцарски франци месечно), зависно од времетраењето на грантот.

Рокот за поднесување на пријавите е 30 јуни 2016 година до 14 часот по македонско време. Пријавите може да бидат поднесени во кое било време до овој датум и време.

Пријавите мора да бидат доставени до Цивика мобилитас на англиски јазик по е-пошта, во чиј наслов треба да стои референтниот број за овој Повик, ЦМ-ИНР-01 на следната адреса: cm-inr-01@civicamobilitas.mk Страниците од пријавата и прилозите, кои содржат потписи и печати треба да се испратат скенирани.

Заинтересираните може да ги испратат своите прашања по писмен пат преку е-пошта, во кое било време до 25 јуни 2016 г. на: helpdesk@civicamobilitas.mk Ве молиме во насловот на пораката да стои референтниот број за овој Повик, ЦМ-ИНР-01.

Цивика мобилитас ги поттикнува апликантите редовно да ги следат нејзините веб-страница и страница на Фејсбук, за да бидат навремено и соодветно информирани за најновите прашања и одговори.

Цивика мобилитас е програма на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) за поддршка на граѓанското општество, која ја спроведуваат НИРАС од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Шведскиот институт за јавна администрација (СИПУ).

inr 01