x
Мени

Повик за предлози за стипендии ЦМ-ФЕЛ-01

Цивика мобилитас објавува повик, реф. бр. ЦМ-ФЕЛ-01, за доделување мали грантови за стипендии за докторанди за да им овозможат да го спроведат своето задолжително оригинално истражување кое е обврска за докторската дисертација на теми кои се релевантни за развојот на граѓанскиот сектор во Македонија. Поточно овие истражувања, и со тоа докторските дисертации треба да соберат, создадат и споделат знаење за поврзаноста и/или улогата на граѓанското општество со и во родовите прашања, меѓуетничките односи, миграцијата, доброто владеење, децентрализацијата и општо развојот на граѓанското општество, како и нивното практикување во самото граѓанско општество

За да биде подобен за грант во рамките на овој Повик за предлози, апликантот мора да биде државјанин на Република Македонија; Да биде запишан на докторски студии на универзитет или друга образовна институција која е лоцирана во Македонија и е акредитирана за докторски студии според Законот за високо образование; и Да има одобрена пријава за својата докторска дисертација од страна на овластен орган на универзитетот/ образовната институција или да ги исполнил/а сите критериуми за поднесување на пријавата на својата докторска дисертација за одобрување од страна на овластен орган на универзитетот/образовната институција.

Повикот се состои од:

Грантовите за стипендии не смеат да бидат помали од 100.000 денари и не смеат да бидат поголеми од 200.000 денари и не смеат да траат помалку од 12 месеци или повеќе од 24 месеци.

Рокот за поднесување на пријавите е 30 јуни 2016 година до 14 часот по македонско време. Пријавите може да бидат поднесени во кое било време до овој датум и време.

Пријавите мора да бидат доставени до Цивика мобилитас по е-пошта, во чиј наслов треба да стои референтниот број за овој Повик, ЦМ-ФЕЛ-01 на следната адреса: cm-fel-01@civicamobilitas.mk Страниците од пријавата и прилозите, кои содржат потписи и печати треба да се испратат скенирани.

Цивика мобилитас ќе одржи информативна сесија за овој повик на 22 јуни 2016 г. со почеток во 12 часот во просториите на МЦМС во Скопје. Други информативни сесии може да се одржат на барање на заинтересираните универзитети/ образовни институции кои организираат докторски студии.

Заинтересираните може да ги испратат своите прашања по писмен пат преку е-пошта, во кое било време до 25 јуни 2016 г. на: helpdesk@civicamobilitas.mk Ве молиме во насловот на пораката да стои референтниот број за овој Повик, ЦМ-ФЕЛ-01.

Цивика мобилитас ги поттикнува апликантите редовно да ги следат нејзините веб-страница и страница на Фејсбук, за да бидат навремено и соодветно информирани за најновите прашања и одговори.

 

Цивика мобилитас е програма на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) за поддршка на граѓанското општество, која ја спроведуваат НИРАС од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Шведскиот институт за јавна администрација (СИПУ).

fel 01