Здружението на граѓани „Гринбокс“ од Скопје влијае на развивање на еколошката свест кај населението и стопанските субјекти преку реализирање на проекти од јавен карактер и разрешување на проблемите од еколошка природа заради зачувување и унапредување на животната средина како и подготвување на еколошко технолошки елаборати за заштита на истата.

Гринбокс своите цели ги остварува преку:

  • Промовирање на екологијата како начин на живот во урбаните и руралните средини.
  • Промовирање на принципот на долгорочна економска оправданост од вклучување на еколошки практики, иновации и заштеда на енергија.
  • Промовирање на потребата за поефикасен и почист јавен превоз и корисноста од неговото помасовно користење од страна на населението за намалување на загадувањето и трошењето на енергија.
  • Промовирање и едукација на граѓаните, компаниите и институциите за начините за заштеда на енергија и рециклирање на отпадот.
  • Давање стручна помош на владините органи и јавните установи за различни проблеми што произлегуваат од начинот на користењето на ресурсите на животната средина и социо-економскиот развој;
  • Развој на интернет медиум преку кој здружението ќе известува, лобира и влијае врз зголемувањето на свеста на граѓаните и властите за состојбата и потребата од заштита и унапредување на животната средина преку менување на животните навики.
  • Едукација на населението за дејството на загадувачите и степенот на ризик од присуството на истите во животната средина.
  • Развивање и одржување на врски со сродни друштва, организации и сојузи во земјата истранство, како и членување во меѓународни сојузи, во согласност со позитивните закони и прописи во земјата.

Гринбокс во својата досегашна работа ги има спроведено следниве проекти: Изработка на апликација „МК Енергетски Куп“; Учество во проектот Платформа за вмрежување помеѓу граѓанското општество и локалните власти“; Иницијатор и предводник на акцијата „Шума во градот“; Учество во коалицијата на граѓански еколошки организации за спречување на изградба на хидроцентрали на територијата на националниот парк Маврово.

КОНСТИТУЕНТИ

Конституентите на организацијата се граѓани кои пред сѐ се активни и учествуваат во актуелните општествени, социјални, политички и економски движења, се одлучни во потребата за промена на постоечките модели и несебично ги споделуваат своите искуства со заедницата.

НАСЛОВ

ВИВАСИТИ

ЗА ШТО Е ПОТРЕБНА АКЦИЈАТА

Нарушен процес на менување на детални урбанистички планови (ДУП) во градски урбани четврти. Процесот на честото менување на ДУП е нарушен со низа на манипулативни чекори од страна на советите на единиците на локалната самоуправа и најчесто е на штета на јавниот простор и директните интереси на жителите кои гравитираат во истиот.

ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ

Цел

Почитување на основните начела во процесот на планирање и уредување на просторот преку интензивирана, континуирана и задолжителна вклученост на граѓаните во процесот на донесување промени во ДУП за градски четврти.

Резултати

  • Јавност учествува во постапка за донесување и спроведување на планската документација
  • Неутрализирање на манипулативните чекори за злоупотреба на процесот на менување на ДУП преку максимална вклученост на засегнатите граѓани согласно законските прописи.

АКТИВНОСТИ

  • 1. Изработка на анимација и презентација на истата во функција на полесно и побрзо разбирање на графичкиот, текстуалниот и нумеричкиот приказ на ДУП, а со цел полесно да се прикажат пренамените на јавните зелени површини во градежно земјиште, кои биле или ќе бидат донесени без претходно спроведена јавна дебата и вклученост на засегнатите граѓани во усвојување на истите.
  • 2. Интензивно информирање на граѓаните преку директни средби, флаери и памфлети, со акцент на компарација на веќе донесени детални урбанистички планови со идни ДУП во изработка, а со цел:
  • рационално уредување и користење на просторот
  • унапредување на условите за хумано живеење и работа на граѓаните
  • заштита и унапредување на животната средина и природата.
  • 3. Перманентно следење на активностите на единиците на локалната самоуправа во делот на просторно и урбанистичко планирање преку: присуство на седниците на истите, посетување на официјалните веб страни и социјални мрежи.

БУЏЕТ

395.000,00 МКД