ЗЗПЗ Виножито е oснована во 2001 година и првичната замисла со која е основана беше да ги решава проблемите кои ќе настанат во заедницата. Исто така првичната идеја беше да се посвети на проблемите кои се поврзани со животната средина и заштитата на здравјето.

После третата година од постоењето, „Виножито“ ги проширува сферите во кои делува. НВО Виножито во последните пет години посвети огромно внимание на човековите права, родовата еднаквост, унапредувањето на животната средина, но најмногу енергија се вложува во унапредување на меѓучовечките односи, меѓуетничката толеранција и меѓуинституционалната соработка.

Конституенти:

Луѓето од таргет регионот сите без разлика на која старосна и полова група и припаѓаат, жените и младата женска популација на која е ставен посебен акцент, локалната самоуправа и особено институциите кои испорачуват административни услуги, месните заедници во таргет регионите, верските заедници, училиштата , играорните групи и спортски здруженија.

Наслов

Сите сме еднакви

За што е потребна акцијата

Во Радовиш постои крајно рурален и во многу погледи заостанат регион во кој живее (околу 90% проценти) автохтоно турско номадско население. Оваа население претежно се занимава со сточарство и земјоделство и популарно се нарекува турско-јуручко население. Почнувајки од лошата инфраструктура, општата интеграција во опшеството, меѓуетничката соработка и толеранција па завршувајки со родовата нееднаквост на жената и воопшто нискиот процент на образованост на овие луѓе, особено на женските деца, тие живеат во крајно изолирана средина.

Слабото познавање на македонскиот јазик на овие луѓе е проблем во комуникацијата со самата администрација, а носењето на традиционална народна носија кај градското население предизвикува став на одбивност.

Цели и резултати

Цел

Придонес кон зголемување на почитувањето на човековите права во турско-јуручкиот регион.

Резултати

  • Унапредени капацитети на локаната админстрација за третирање на предзвиците со кои се соочуваат граѓаните со различа етничка припадност
  • Подобрено формално организирање и здружување на жените од турско -јуручкиот микро регион
  • Подигната свест за потребата од образование на младите (особено девојчињата) од турско-јуручкиот рурален микро регион

Активности

  1. Правење план за подобрување на ефикасноста и достапноста на администрацијата кон граѓаните и регионот
  2. Застапување за подобрување на достапноста на лок. администрација за адресирање на проблемите на Турците-јуруци
  3. Јавни дебати (на локалните медуми) околу ова прашање
  4. Организирање на работилници за ефикасност во работата на ЕЛС
  5. Реализација на проценка на можности за економско делување на жените
  6. Организирање на обуки за претприемништво, развој на бизнис план и маркетинг и продажба
  7. Организирање состаноци со првите луге на општината за поддршка на женски иницијативи
  8. Заеднички машко–женски форуми и луге од различни генерации за дебата околу придобивки од образованието и интеграција во опшеството.
  9. Кампања за подигнување на свеста за потребата од образование на младите од таргет регионот и интеграција на истиот.
  10. Заеднички културни активности и собири на кои ќе се претстават поединци и играорни групи, драмски секции од мешан етнички карактер со едукативна содржина за подигнување на свеста за потребата од интеграција во опшеството во секоја смисла.

Временска рамка: 1.12.2016 – 31.5.2017

Буџет: 400.000 МКД

Веб страница