Здружението за заштита и унапредување на човековите слободи и права „Сведок“ – Скопје е невладина организација формирана во 2015 година, заради заштита и унапредување на човековите слободи и права, владеење на правото, еднаков пристап до правото и правдата, промовирање на слободата на медиумите и заштита на јавното изразување, правото на мирен протест, недискриминација, заштита на маргинализирани и малцински групи, заштита на правата на истражувачките новинари како важен сегмент на откривање на криминал и корупција, неселективен пристап до сите информации од јавен карактер, како и заштита на други слободи и права во согласност со Уставот на Република Македонија.

Мисијата на Здружението за заштита и унапредување на човековите слободи и права СВЕДОК – Скопје е подобрување на заштитата на човековите слободи и права во сите области, нивно унапредување и развивање на јавна свест за овие важни прашања преку заштита и алармирање во конкретни случаи.

Конституенти

Сите граѓани на Република Македонија: над 20 илјади граѓани непосредно засегнати со нелегалното прислушување, лица опфатени во постапките на Специјалниот јавен обвинител (осомничени, обвинети, сведоци, соработници, вештаци), адвокати, обвинители, судии, новинари, друга стручна јавност, домашни и меѓународни организации корисници на информациите и анализите. Директни учесници: новинари, правници монитори.

Наслов

Медиумското известување на случаите по кои ќе постапува Специјалниот јавен обвинител – Фаза 1, истрага: мониторирај и известувај

За што е потребна акцијата

Со донесувањето на Законот и изборот на специјалниот јавен обвинител кој ќе постапува по кривични дела што произлегуваат од нелегално прислушуваните разговори, во македонскиот правен систем се воспостави нова институција, Специјално обвинителство, со ограничен временски мандат, што е редок пример во правните системи во демократските земји. Од тука, очекувањата на јавноста се свртени кон оваа институција и нејзината работа.

Цели и резултати

Цел

Јакнење на професионализмот на медиумите и новинарите. Право на јавноста да биде информирана на брз, точен и објективен начин. Цензурата е забранета. Владеење на правото и почитување на правата на осомничените/обвинетите во судските постапки, почитување на човековите слободи и права, пресумпција на невиност и право на фер судење.

Резултати

  • Зајакнати капацитети на 40 новинари/медиуми кои ќе известуваат за работата на Специјалниот јавен обвинител за постапките кои ќе ги иницира врз основа на нелегално прислушуваните материјали,
  • Добиени точни правилни и навремени информации од страна на медиумите, без повреда на принципот на пресумпција на невиност во постапките иницирани од СЈО,
  • Намалена можноста за нарушување на тајноста на истрагата,
  • Намалена опасноста од кривично гонење на новинарите поради нарушување на тајноста на истрагата,
  • Елиминирање на опасноста да се објават строго доверливи документи или државна тајна во спроведување на истрагата, а со тоа да се наруши текот на постапката и да се избегне опасноста од кривична одговорност,
  • Покрената веб платформа на која се објавуваат вести, информации, анализи, за  постапките по кои постапува Специјалниот јавен обвинител
  • Формирана правна база на веб платформата корисна за медиумите, адвокатите, правната фела и граѓаните како крајни корисници со решенија, одлуки, ставови, мислења, регионална пракса и правни прашања, одлуки на Европскиот суд за човекови права кои се однесуваат на соодветни прашања кои произлегле од работата на Специјалниот јавен обвинител (СЈО) 
  • Засилен ангажман за обезбедување финансиски средства (донации) и продолжено  функционирање на акцијата и по нејзиното формалното завршување, по 6-те месеци, се до постоење на Специјалното јавно обвинителство.

Активности

  • Обука на новинарите судски известувачи
  • Креирање на веб платформа
  • Медиумски известувања со секојдневно објавување на информации за работата на СЈО на веб платформата
  • Избор и обука на новинари за следење на судските постапки
  • Промовирање на веб платформата како алатка за користење од целните групи, новинари, адвокати, правни експерти, широка јавност
  • Правење на стратегија за барање на дополнителни средства/грантови за продолжување на проектот во наредни 24 месеци

Буџет

400.000.00 МКД