Балкан економик форум е независно, непрофитно и невладино здружение посветено на подобрување на социјалната благосостојба, регионалната стабилност, соработка и помирување на земјите од Балканот. Нивната мисија е развој и имплементација на иновативни стратегии и креативни решенија за тековните економски и развојни, со цел да се стимулира економскиот раст и да се зајакне регионалната соработка, мир и безбедност.

За остварување на својата мисија, целите на здружението се следните:

  1. Унапредување на регионалниот економски развој;
  2. Промоција на одржлив раст на вработеноста, социо-економска стабилност и заштита на природните ресурси;
  3. Вклучување академици, студентски здруженија и студенти во програми кои промовираат мултикултурна соработка, академски истражувања и развој на бизнис модел за унапредување на глобалната конкурентност; и
  4. Меѓународно признавање на балканскиот идентитет и зачувување на своето гордо мултикултурно наследство.

Спроведувањето на целите на БЕФ се постигнува со:

  1. Меѓусебно поврзување на експерти од областа на индустријата, меѓународни лидери, владини претставници, академици, студенти и финансиски институции;
  2. Ангажирање членови кои ги споделуваат своите најдобри ресурси и експертиза преку вмрежување, размена на искуства и научени лекции;
  3. Промоција на Балканот на национално, регионално и европско ниво, преку зајакнување на влијанието на членовите на БЕФ во јавната политика и законодавно-правната сфера.

Конституенти

Студенти на универзитетите, компании кои соработуваат со центрите за кариера на универзитетите, министерствата за образование и наука, финансии, труд и социјална политика.

Наслов

ПРАКТИЧНА ОБУКА ЗА ПРОМЕНИ

За што е потребна акцијата

Една од клучните компонeнти на Националната стратегија за млади и Националната стратегија за вработување е прифаќањето на концептот на практична обука. Практичната обука во Република Македонија претставува концепт кој законски и теоретски не е практичен и соодвтно спроведлив.

Цели и резултати

Цел

Клучни специфични цели се:

  • Да се подобри свеста кај најмалку 100 студенти од универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и универзитетот Американ колеџ Скопје, за очекуваните профили на работни места кои компаниите ги нудат за дипломираните студенти.
  • Да се обезбеди мотивација за овие студенти преку презентирање на листа на можни активности во кои можат да се вклучат, заедно со информации за искуствата од минатото и лесно употребливи контакт информации.
  • Да се одговори на нејасните и нелогичи одредби од Законот за високо образование и Правилникот за начинот и условите за организирање на практична настава на студентите преку изработка на предлог верзија на идентификуваните слабости во овие два документа од аспект на нивната примена во пракса и изработка на Предлог-договор за практична обука, со кој ќе се дефинираат законските и искуствените очекувања на студентите и компаниите.

Резултати

  • Зголемена свест на дел од студентите и универзитетските центри за кариера за потребите/ очекувањата на компаниите и организациите во Македонија
  • Зголемена мотивација кај студентите/компаниите преку доставување детали за дневните активности за практичната обука на студентите.
  • Воведување на две практични алатки: една за употреба од страна на компаниите (урнек на договор за практична работа) и втората, работен истражувачки документ кој ќе се поднесе во Парламентот на Република Македонија.

Активности

  1. Дебата/работилница со целните групи на студенти
  2. Презентација на најмалку четири искусни НВО/младински организации
  3. Изработка на кратко мотивациско видео
  4. Изработка на урнек на договор за практична обука
  5. Тркалезна маса со заинтересираните страни

Буџет: 362.400 МКД

Времетраење: 1.9.2017 – 28.2.2018

Веб страница