Аналитика е реномирана тинк тенк организација, добро етаблирана во областа на истражување и креирање на политики, која веќе 12 години придонесува за успешна имплементација на реформите во земјата и на процесите на европска интеграција. Главната цел на Аналитика е да продолжи да го зголемува истражувачкиот капацитет на организацијата со цел да може континуирано да се етаблира во областа на истражување и креирање на политики. Нашата визија е Македонија, членка на Евро-Атланската фамилија, во која слободата, демократијата, толеранцијата и динамично граѓанско општество се нејзини основни вредности. Аналитика спроведува истражување на политиките и застапување во областа на пет програми: приближување кон ЕУ и интегративна поддршка; надворешна и безбедносна политика; енергетика и инфраструктура; миграција; и анализа на јавните политики и админстрација. Истражувачките производи вклучуваат: редовни извештаи од истражувањата, брифови, коментари, спиcание (Analytical) објавени на веб-страната на Аналитика, дистрибуирани до релевантни страни и промовирани на соодветни настани.

Конституенти

Граѓански организации, медиуми, органи на државна управа (Министерство за финансии) и граѓани.

Наслов

Транспарентност и отчетност на јавните финансии – поглед од граѓанското општество

За што е потребна акцијата

Она што ја карактеризира Македонија во овој момент е ниско ниво на транспарентност и отчетност на јавните финансии и јавните институции и фактот дека малку е направено од страна на властите за да се реши овој проблем. Исто така, постои недостаток на транспарентно следење и евалуација на работењето на државните институции  како и непостоење на можност за вклучување на јавноста во процесот на одлучување. Во Македонија има мал број граѓански организации (ГО) кои ги мониторираат јавните финансии и се уште не постои локално вмрежување меѓу нив. Истовремено, разбирањето на јавните финансии меѓу пошироката јавност е многу ниско, па оттука концептот на јавните финансии треба да се донесе поблиску до обичните граѓани. Ова подразбира активно вклучување на ГО во следење на ефикасноста на трошењето на јавните средства и овозможување на граѓанско учество во креирањето на политиките. Ова со цел ГО да се залагаат јавните расходи да ги рефлектираат потребите на граѓаните, а не на политичките елити.

Цели и резултати

Цел

Целта на проектот е да се подобри транспарентноста и отчетноста на јавните финансии во земјата и зајакнување на знаењето на граѓанските организации и медиумите за темите од областа на јавните финансии, со цел истите да дејствуваат како чувар на јавните институции и да ги мониторираат јавните финансии.

Резултати

Подигнување на свеста на јавноста за јавните финансии, што ќе придонесе кон информирано и вклучено граѓанско општеството, кое ќе учествува во процесот на донесување одлуки за тоа како јавните средства се користат. Градење на партнерство со медиуми и други граѓански организации.

Активности

  1. Истражување за јавниот долг и праведното оданочување во Македонија;
  2. Изработка на извештај/анализа од истражувањето и мониторингот за јавниот долг и даночната политика во Македонија;
  3. Кратки студии од овие области објавени на веб страна и ФБ страна на Аналитика;
  4. Организација на работилница (за време на подготовката на извештајот) со цел едукација, разменување искуства и знаење, како и дополнување на извештајот од страна на засегнатите страни со цел негово подобрување;
  5. Информативно видео
  6. Презентација на финалниот извештај на засегнатите страни

 

Буџет: 396.800 МКД

Времетраење: 01.9.2017 – 28.2.2018

Веб страница