Вкупен буџет: 1.997.910 МКД

Времетраење: 01.05.2017 – 30.04.2018

Зелена Лупа е здружение на граѓани, кои се залагаат за владеење на правото, интегритет и функционалност на институциите, како и борба против корупцијата. Столб на нашата визија е, дека Република Македонија може да биде пристојно место за живеење, каде што секој граѓанин на оваа држава ќе се чувствува рамноправен и недискриминиран по никаква основа. Држава со силни и независни институции, кои што ќе работат согласно законот, неселективно и правично. Без разлика во која институција, секој граѓанин да има ист третман, клиентелизмот и корупцијата да бидат сведени на минимум. Република Македонија живее во најтешкиот период од нејзиното осамостојување па до денес.  Живееме во време кога владеењето на правото и правдата се селективни и не се подеднакви за сите. Се укинуваат закони, се носат нови закони а сето тоа само поради лични потреби на поединци, со цел да се воспостави контрола врз државните институции во нивни интерес како и за нивна потреба.Потребни се детални истражувања, анализи и изготвување на предлог решенија и нивно промовирање во јавноста. Затоа и можеме да кажеме дека нашата главна дејност е токму правото и владеењето на правото.

Конституенти

Сите физички лица заинтересирани да бидат дел од мрежата.

Претходно искуство

  • СИТЕ ЗАЕДНО ПО ПАТОТ ДО ПРАВДА
  • Ајде да спасиме судбини

За проектот поддржан од Цивика мобилитас

Да ја вратиме довербата во судовите – ПРАВДА ЗА СЕКОГО!

За што е потребна акцијата

Преку оваа акцијата граѓаните кои не се запознати за постоењето на Советот ќе имаат можност да добијат совет и информации како да пристапат, така што на овој начин ќе се афирмира ова тело од аспект на добивање на што поголем број на предмети, од причини што досегашниот број на пријави е само 5. Сите активности на оваа акција ги отсликуваат општествените сектори на поддршка за акциите како доброто управување во судскиот систем на Република Македонија, децентрализација и развој на граѓанското општество.

ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ

Општа цел– Зголемување на довербата на граѓаните во судството и афирмирање на Советот за утврдување на факти и одговорност на судиите како надлежно тело за покренување на постапки добиени од страна на граѓаните.

Специфична цел– Подигање на свеста на граѓаните за покренување на постапка  пред Советот  за утврдување на факти и одговорност на судиите и промовирање на надлежностите на Советот.

 Резултати

  • Зголемена информираноста за постоењето на Законот и Советот за утврдување на факти, тело кое е достапно до граѓаните
  • Зголемена транспарентност на работата на Советот, достапна за граѓаните во поглед на можноста за исполнување на нивните права поврзани со Законот и надлежноста на Советот
  • Подобрување на ефикасноста и работата на Советот преку граѓански активизам

Активности

  1. Информирање на јавноста за акцијата, отворање и промовирање на две канцеларии Скопје и Куманово
  2. Формирање на Стручен експертски совет
  3. Изготвување на 50 пријави, нивно проследување и следење на работата на Советот. Прибирање на информации за постапувањето по предметите.
  4. Организирање на јавна дебата поврзана со работата на Советот за утврдување на факти и одговорност на судии

Веб страница