Според определбата здружението е доброволно, невладино, мултиетничко и непрофитно здружение на граѓани од сите возрасти основано заради афирмација на традициите на работните акции, вредностите на доброволното ангажирање и волонтерската работа во сите области на општественото живеење. Основано е со идеја да ги негува традициите на доброволното работно ангажирање и да го промовира волонтерството во сите области на општествениот живот (екологија, хуманизам, образование, култура и сл.). Дава поддршка во развојот на индивидуалните способности на децата, младината и граѓаните а особено на оние со посебни потреби преку игра, неоформално образование, работно ангажирање и сл. Во изминатиот период позначајни активности се: хуманитарната акција “Биди хуман и подари“, еко проектот Еко-Куманово 2016, учество на солидарна хуманитарна работна акција во Краљево (Р.Србија) за расчистување на последиците од поплавите, активно учество во расчистување на последиците од поплавите во скопско и бројни други еко и хуманитарни акции. За својата работа Општината Куманово на здружението му ја додели Ноемвриската награда на општина Куманово за 2016 за придонесот во развојот доброволната работа за заштита и унапредување на животната средина.

Конституенти

Општата јавност.

Наслов

ЗЕЛЕНО КУМАНОВО

За што е потребна акцијата

Сите чинители на општествената заедница имаат обврска да се грижат за сопствената животна и работна средина, да придонесуваат за заштитата и унапредувањето на истата. Потребно е од морален аспект, со личен пример и дела на младата генерација да и се укаже на потребата за постоење на еколошката свест и култура како и самата грижа на нашето природно опкружување.

Цели и резултати

Цел

Целта е подигнување на свеста кај јавноста и спречување односно намалување на праксата за фрлање на отпад покрај и во речните корита.

Резултати

  • Да се исчисти и уреди крајбрежјето на реките
  • Јакнење на свеста и подигнување на нивото на одговорност на жителите за посовесен односот кон реките
  • Едукација и промоција на заштитата на околината по пат на медиуми
  • укажување на негативно влијание на неправилно одложување (фрлање) на отпадот по околината и здравјето на луѓето
  • Создавање на услови за користење на крајбрежето за рекреативни активности на граѓаните

Активности

  1. Сечење на ниско џбунести (како и стебла кои го попречуват текот на реката и сувите стебла) во крајбрежниот појас
  2. Собирање на отпаден материјал
  3. Траснпорт на собраниот отпаден материјал
  4. Изградба на насипи поради можноста за поплава на околните површини за време на поројни врнежи и надојдени води
  5. Фарбање на клупите покрај реките Липковка (во Градскиот парк) и Кумановка (по должина на кејот кај маркетот Туш) и заменување на оштетените.

Буџет: 164.870МКД

Времетраење: 1.6.2017 – 30.9.2018

Веб страница