Здружението Радика-ДЕ од Дебар веќе десетина години активно работи на акции поврзани со подобрување на квалитетот на живеење на луѓето од регионот. Мотивирани од потребата за граѓански активизам и ублажување на многуте проблеми и потреби, нивниот тим со голем ентузијазам на волонтерска основа имплементира многу активности од областа на: човекови права, образование, родова еднаквост  и сл. Реализират многу социо-економски и културни активности   со кои од година во година се сè повеќе препознатливи во регионот. Работат тимски, одговорно и постојано се меѓу целните групи (претежно млади и жени, особено од руралните средини  на регионот). Нивната визија е развиен  Дебарско –Рекански регион на социо-економски, образовен и културен план.

Конституенти

Млади и жени од повеќе етнички заедници кои живеат во регионот на општините Дебар, Маврово –Ростуше и Центар Жупа.

Наслов

OСНОВИТЕ НА ПРЕТПРИЕМНИШТВОТО

За што е потребна акцијата

Регионот на Дебар, Маврово Ростуше и Центар Жупа е еден специфичен дел од нашата држава каде живеат повеќе етнички заедници,сите со слични потреби, со слични предизвици и проблеми. Селата во овој регион се делумно испразнети и повеќето од младите се одлучуваат својата иднина да ја бараат во странство. Мал е бројот на граѓански здруженија кои се залагаат за спроведување акции насочени кон подобрување на животот на луѓето кои живеат во овој регион. Со оглед на тоа што регионот изобилува со природни ресурси,а младите и жените поседуваат одредени вештини и образовни капацитети ,неопходни се надградби ,усовршување на вештините и поголема вклученост на овие целни групи со цел истите да почнат професионално да се занимаваат и да реализираат активности насочени кон подобрување на квалитетот на нивното живеење.

Цели и резултати

Цел

Преку едукација, промоција, соработка и заедничка заложба да се поттикнат младите и жените од различни етнички заедници од регионот Дебар, Маврово Ростуше и Центар Жупа да ги запознаат основите на претприемништвото, да развијат свои бизнис идеи и на тој начин да ги зголемат своите можности за заработка.

Резултати

Искористени добрите искуства и практики кои ги мотивираат младите и жените во отпочнување на семејни бизниси, што ќе ја намали невработеноста а со тоа и трендот на иселување на младите.

Активности

  1. Организирани три јавни средби- по една во трите општини  –презентирани  целите и активностите на проектот
  2. Организирани циклус три дводневни семинари од областа на претприемништво
  3. Одржани три креатини работилници и едуцирани околу 60 млади и жени од општините Дебар, Маврово Ростуше и Центар Жупа
  4. Дизајнирани и испечатени 200 каталози,200 маички и 500 етикети
  5. Организирана една дводневна обука на тема:Како да ги зголемиме можностите за заработка-Користење на ИКТ за зголемена промоција и продажба на експонатите
  6. Организиран промотивен настан и претставени над 15 штандови подготвени од потенцијални идни млади претприемачи

Буџет: 350.000 МКД

Времетраење: 1.7.2017 – 30.6.2018

Веб страница