Здружението на граѓани за развој на критичката мисла Ливада од Скопје е формирано за да го промовира пишаниот збор, авторските дела, критичкото размислување, јавното произнесување на став и да го надомести недостатокот на дебата.

Визијата и мисијата на „Ливада“ е да издаваат онлајн портал/блог кој претставува слободна зона за луѓето кои сакаат да го промовираат својот став по одредени прашања, да ги промовираат своите авторски дела, јавно да ги пренесат своите искуства и повици и сл. Овој портал треба да отвори простор за граѓанскиот сектор кој таму може да објавува информации, анализи, колумни итн.

Иако е релативно нов, овој портал освоил второ место во категоријата „Најдобар блог за 2015“ на изборот за сајт на годината.

Конституенти
Јавни личности, граѓански активисти, правни и физички лица кои сакаат да ги искажат своите ставови за одредени општествени состојби и да ги промовираат идеите за кои се залагаат

Наслов: Биди ин, дебатирај!

За што е потребна акцијата
Слобода на говор, соочување на аргументи за клучни прашања за развојот на демократијата во земјата, човековите права и развивање на дебатата како алатка за цивилизиран и етички начин да се зборува отворено за општествените проблеми и да се решаваат истите.

Цели и резултати
Развој и унапредување на јавната дебата, критичката мисла и ширење на дебатата како средство за приближување на разликите помеѓу разни општествени фактори.

  1. Сајтот ќе стане место кое ќе се посетува за размена на идеи, промоција на ставови, дела и јавни онлајн дебати (http://livada.mk/debate-categories/na-teferic/)
  2. Ексклузивна соработка со сите заинтересирани граѓански организации кои ќе можат да го користат сајтот за информирање на јавноста и поттик да се разговара отворено за проблемите со кои се соочува општеството.
  3. Афирмација на досега неафирмирани автори и нивните ставови, идеи и авторски дела од доменот на политиката, демократијата, општеството, литературата, човековите права и секаков вид на творештво и уметност.
  4. Пошироката јавност во земјата, а и во дијаспората ќе имаат достапно и релевантно место каде што ќе можат да ги споделат своите искуства, проблеми, видувања на актуелни состојби од нивното секојдневие и да добијат некаков фидбек од сето тоа.

Активности

  1. Организација и координација на членовите на здружението и преземање масовни активности за анимација на потенцијалните дебатери.
  2. Повици до сите заинтересирани да земат учество, да предложат теми за дебати, и напор резултатите од тие дебати да се пласираат до што поголем аудиториум
  3. Посетителите имаат можност по објавувањето на дебатата со аргументите на двата спротивставени табори, да гласаат, односно да поддржат некој од тимовите или во коментар да се сложат или негираат некој од тимовите. Со тоа ќе се види и расположението и ставот на поголемиот дел од посетителите за дадената тема и понатаму би можело да се предложат и преземат конкретни чекори од страна на заинтересираните организации, институции и здруженија за решавање на проблемите и пробивање на табу темите во Македонија.
  4. Масовно промовирање на концептот по социјалните мрежи и медиуми со кои имаме соработка.
  5. Развивање на подобра логистика и мрежа на соработка помеѓу граѓанските здруженија и организации со државните институции и помеѓу себе, работа за премостување на разликите, активно учество и давање предлози за законски решенија базирани делумно и на дебатите кои би ги спроведувале и на предложените идеи од страна на посетителите.