Вкупен буџет: 1.452.256 МКД

Времетраење: 01.05.2017 – 30.04.2018

Основната мисија на Здружението Сината птица– Скопје е едукација и поддршка на децата и младите со пречки во развојот, децата и младите со било каква  различност, нивните семејства и нивна целосна инклузија во општеството. Здружението настојува да креира  контекст на прифаќање, одговорност, инклузивност и рамноправност, во кој постојано ќе се заговара вклучувањето на децата и младите со попреченост во сите општествени сегменти. Стратешки цели на здружението се истражување на социо-економските услови во кои живеат семејствата и луѓето со попреченост во Македонија, едукација на семејствата, луѓето со попреченост за нивните права и развивање на нивните капацитети, едукација на пошироката заедница за проблемите и потешкотиите со кои тие се соочуваат, лобирање за имплементација на инклузијата во сите сфери на општественото живеење.

Конституенти

Родители на деца и млади со попреченост

Претходно искуство

  • Креираме заедно
  • 24 doc.
  • Ова е мојот свет

За проектот поддржан од Цивика мобилитас

ЗАСТАПУВАМЕ, ЗАЈАКНУВАМЕ, СЕ ПОВРЗУВАМЕ

За што е потребна акцијата

Исклученоста од процесите на носење на политики кои се од интерес на лицата со посебни потреби, непостоењето статистички податоци за бројот на лицата со попеченост локално/ национално ниво, недостатокот на сервиси за лицата со попреченост, недостатокот на информации на родителите/ старателите на децата и младите со попреченост се сублимирани во општата цел на проектот. НВО Сината птица се стреми кон промена на досегашните игнорантни процеси на носење на одлуки, зајакнување на капацитетите на родителите на децата и младите со посебни потреби и креирање на услови за дијалог помеѓу целната група и носителите на одлуки.

ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ

Општа цел– Лицата со попреченост и нивните семејства се активни креатори на политиките за нивно непречено, достоинствено живење и инклузија во сите сфери на општеството.

Специфична цел– Зајакнат дијалог помеѓу лицата со попреченост, нивните семејства и релевантните институции за креирање на нови, функционални инклузивни политики и активности на локално ниво.

Резултати

  • Приоритизирани предизвици и мерки за подобрено функционирање на инклузивните политики и услуги за децата и младите со попреченост
  • Креирана мрежа на родители на деца и млади со попреченост и зајакнати капацитети за организирано застапување/ лобирање и делување
  • Поднесени иницијативи од мрежата на родители за подобрени услуги за деца и млади на локално ниво

Активности

  1. Мапирање на услугите на ниво на локални самоуправи од областа на образованието, социјални услуги и пристап до здравствени услуги
  2. Креирање на мрежа на родители на деца и млади со попреченост
  3. Зајакнување на капацитети на мрежата на родители за застапување, лобирање и комуникација со медиуми
  4. Формирање на работна група за подготовка на иницијативите приоритизирани од мрежата на родители
  5. Подигнување на јавната свест за потребите на децата и младите со попреченост и нивните семејства

Веб страница