Контрапункт – асоцијација за разво на критичка теорија, социо-културен активизам и современи културни практики се формира во декември 2001 во Скопје. Група на луѓе активни уште од 90-тите во полето на културата ја чувствуваат потребата од теориските сфери кои се поврзани со новите размисли за културната дисеминација и деконструкција, да дејствуваат во активната општествена сфера.

Мисија: Контрапункт е здружение на граѓани посветено на развојот на алтернативни урбани културни политики. Контрапункт се залага за зајакнување на културата на поврзување, на локално и на регионално ниво. Клучната мисија се состои во развивање и промовирање на нови културни практики, создавање на алтернативни јавни културни простори, и преиспитување на моделите на дејствуваето во културата и општетсвото, со акцент врз принципите на различност и интеграција

Конституенти

Уметници, куратори, културни работници, теоретичари, новинари, писатели, филмски работници, социо-културни активисти.

Наслов

КРИК – фестивал за развој на критичко мислење и реагирање во општеството преку уметност и култура

За што е потребна акцијата

КРИК ќе ги истражува односите, меѓусебните влијанија и поврзаности на релација уметност – политика – општество. Преку програмските активности ќе се промовираат и испитуваат можностите на социо-културните и уметничките практики како важна алатка со која може да се влијае врз општествените промени и важноста за улогата на културата и уметноста во развојните процеси на општествената демократизација,со цел да се произведе критичко промислување и дијалог во општеството.

Цели и резултати

Цел

Отворање критичка дебата во јавната сфера со што би се промовирал социокултурниот капитал како јадро кое е длабоко поврзано со најрелевантните политички и општествени теми: човекови прва, право на култура, идентитетски прашања, насилство, јавни простори, право на град, јавна сфера како и зајакнување на заедниците преку културни и уметнички практики.

Резултати

  • Зголемена критичка дебата во однос на современите културни и уметнички практики, како и во однос на социо-културните движења, со развиена политичка и критичка култура преку образовните модули и курикулуми за критичко мислење и пишување;
  • Поширока демократизација на општеството преку директно учество на уметниците и културните работници во акции поврзани со заедничките добра, човековите права и важните политички и социо-културни теми;
  • Активно граѓанство, слобода на говор и на творештво, креативна партиципација поврзана со градењето и преиспитувањето на политиките и идејата за стабилно граѓанско општество до кое ќе се дојде преку еден од многу важните начини – разнолики уметнички и културни формати.

Активности

  1. “Ослободувачка критичка лабораторија” (работлиница за критичко пишување, 15 учесници)
  2. “Архиви на насилство – создавање на критичка уметност” (Изложби, перформанси и видео проекции)
  3. “Критикување и ре-креирање на општеството” – Форум за искуства на слободата
  4. Филмски фестивал за човекови права
  5. Публикација со текстови од 15 автори

Буџет: 397.000 МКД

Времетраење: 18.11.2016 – 18.03.2017

Веб страница