Вкупен буџет: 2.000.000 МКД

Времетраење: 01.05.2017 – 31.07.2018

Finance Think (ФТ) е институт за економско истражување и политики. Неговата визија е да поттикне економско размислување за подобра благосостојба утре. ФТ е основан со мисија да го подобри влијанието на економските и социјалните трендови и политики врз граѓаните во Македонија и регионот на Западниот Балкан, преку економски истражувања, акции и застапување во неколку тематски области: сиромаштија, вработување и вештини, фискална транспарентност и одговорност, миграција и дознаки, родови и доходни нееднаквости, социјално претприемништво и жени, секторски економски политики итн. Клучните компетенции на ФТ вклучуваат палета од квантитативни и квалитативни методи за анализа на податоци, визуелизација на податоци, застапување за политиките и обезбедување обуки и менторирање за конституентите.

Конституенти

Директни целни групи (ранлива и маргинализирана категорија граѓани, невработени лица, жени, приматели на дознаки, граѓански организации, економски експерти и новинари); носители на економски политики (Министерствата за: труд и социјална политика, финансии, Агенција за вработување, НБРМ), вработените; соработниците (Советодавен одбор); додека како финален корисник се смета општата јавност.

Претходно искуство

  • Фискалната транспарентност и одговорност ги подобрува политиките во областите на квалитет на животот, образованието и здравството
  • Миграцијата како социјална заштита: Анализа на македонски, албански и српски домаќинства што примаат дознаки
  • Унапредување на активното вклучување на маргинализираните лица исклучени од пазарот на труд

За проектот поддржан од Цивика мобилитас

ПОТТИКНУВАЊЕ ЕКОНОМСКА ДЕБАТА ВО МАКЕДОНИЈА, БАЗИРАНА НА ДОКАЗИ И ВОДЕНА ОД ПОДАТОЦИ

За што е потребна акцијата

Општа цел на оваа акција е да произведе позитивна општествена промена преку зајакнување на економската дебата во Македонија, базирана на докази од спроведени истажувања и водена од економски податоци. Главниот сектор на акцијата може да се опише како економски политики, додека темите на коишто ќе се фокусира акцијата се: вработување, сиромаштија, социјална инклузија, фискална транспаретност, родови нееднаквости, миграција и дознаки.

ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ

Општа цел– да произведе позитивна општествена промена преку зајакнување на економската дебата во Македонија, базирана на докази од спроведени истражувања и водена од податоци.

Специфична цел– да ги оспособи конституентите на Finance Think за вклучување во робустна економска дебата и да предложи палета од начини за поттикнување и водење на критична и аргументирана економска дебата во Македонија.

Резултати

  • Конституентите на ФТ имаат стекнати вештини и знаења за вклучување и водење на економската дебата, и вештини за вклучување податоци и докази во заеднички каузи.
  • Економската дебата во Македонија станува покритична, поаргументирана, пожива и поразновидна, и сè почесто вклучува граѓански организации и други актери на граѓанското општество.
  • Информираноста на граѓанските организации и јавноста во економската дебата станува ажурирана, повеќестрана и тематски разновидна.

Активности

  1. Оспособување на конституентите за економска дебата базирана на докази водена од податоци
  2. Поттикнување аргументираност, критичност и разновидност на економската дебата
  3. Одржливост на и вклучување во економската дебата

Веб страница