Здружението Иницијатива на невработени интелектуалци, Виница е основано во 2002 година, од страна на невработени интелектуалци како невладино, непартиско и непрофитно здружение.

Визија: Здружението ИНИ Виница е катализатор за подигање на капацитетите на заедницата, стопанството и поединците со развиена мрежа на локални и регионални партнерства.

Мисија: Процес на партнерска работа со заедницата за препознавање и активно користење на нејзините ресурси во областа на образованието, екологијата, здравството, економијата, младите и други области со цел спроведување на остварливи програми за подобро утре на заедницата.

Главните области на делување се: Создавање услови за подобра здравствена заштита на населението, Подобрување на положбата и условите за живот на децата и младите, Почитување и заштита на човековите права, Заштита на животната средина, Во сферата на образованието со организирање на курсеви за странски јазуци и компјутери, како и поттикнување на неформалното образование со испорачување на обуки од различни области, транспарентност и добро владеење.

Конституенти

Младите луѓе и иселениците од oпштините Виница, Зрновци и Чешиново- Облешево.

Наслов

Афирмација на проблемот  со миграција и емиграција на  териториите на општините Виница, Зрновци и Чешиново-Облешево

За што е потребна акцијата

Иселувањето зема огромен замав, се јакне белата чума, се празнат училиштата. Со тоа слабее и економската моќ на општините и истите стануваат се побесперспективни.

Се намалува критичната маса за спроведување на реформите, децентрализацијата и подобрувањето на квалитетот на животот. Руралниот развој, за кој сите наголемо зборуваат е доведен во прашање. Без млади луѓе нема прогрес. Неопходо е да се донесе локална платформа со мерки и активности за ублажување на оваа појава.

Цели и резултати

Цел

Да се добијат релевантни информации за реалните предизвици зошто младите луѓе се одлучуваат за миграција, зошто иселениците тешко се решават да се вратат во родните огништа и да инвестираат во домашната економија, да им помогнеме на ЕЛС да ги подобрат своите услуги кон оваа целна група за локален економски развој.

Резултати

  • Афирмација на проблемот со иселувањето во јавноста;
  • Идентификувани проблемите и причините поради кои младите се иселуваат;
  • Идентификувани проблемите кои ги одвраќаат иселениците да се враќаат дома и дополнително стимулираат иселување;
  • Редовни заеднички организирани средби помеѓу институциите и иселениците;
  • Идентификувани главните предизвици за намалените (отсуство или минимални) инвестиции од страна на нашите иселеници,
  • Зголемена одговорност на институциите за нивната транспарентност
  • Заедничка иницијатива на засегнатите страни во проектот за креирање на конкретни активни мерки до работната група при МТСП одговорна за креирање Оперативни мерки за намалување на невработеноста.

Активности

  1. Соодветна медиумска промоција на проектот;
  2. Истражување на репрезентативен примерок од младите луѓе од трите општини за причините поради кои се одлучуваат на сезонска и трајна емиграција;
  3. Истражување за можностите за враќање на иселениците преку нивно инвестирање во отварање на мали и средни претпријатија во општините;
  4. Истражување на можностите за вработување на иселениците во индустриските претпријатијата во општините;
  5. Спроведување на структуирано интервју со официјални лица од ЕЛС, поврзано со можностите на општините, што им нудат на иселениците со цел нивно инвестирање во отварање на мали и средни претпријатија, како и промоцијата на владините програми преку АВРМ и Земјоделие;
  6. Изработка и публикување на публикација поврзано со резултатите од истражувањето и препораките
  7. Завршен прес за медиумите за презентација на резултатите;

 

Буџет: 369.700 МКД

Времетраење: 01.12.2017 – 31.03.2018