Вкупен буџет: 1.778.192
Времетраење: 01.8.2015 – 31.10.2016

Здружението Форум постои од 1997 г. и основано е со цел да се вклучи во развојот на демократијата, поддршката на човековите права и меѓуетничките односи и да помогне во креирање на националните политики во сите сфери на општественото живеење и создавање услови за евро-атлански интеграции. Центарот промовира издржани и спроведливи јавни политики, нуди поддршка на заедниците и ги помага реформите во разни области од јавните услуги.

Конституенти

Членови, поддржувачи, корисници, експерти, субгрантисти, новинари, студенти, претставници на општинските администрации, министерствата, јавните институции, политичките партии, верските организации и малцинските заедници, како и претставници на донаторите.

Претходно искуство

  • Коалиција за буџетски мониторинг (ЕУ)
  • Фискален монитор (Меѓународен републикански институт (ИРИ))
  • Транспарентност и отчетност на единиците на локална самоуправа и нивната отчетност кон граѓаните (Civica Mobilitas/Швајцарска агенција за развој и соработка)

За проектот поддржан од Цивика мобилитас

„Зајакнување на капацитетите на Месните и Урбаните заедници“

За што е потребна акцијата

Цел на овој проект е подигнување на капацитетот на месните и урбани заедници и нивните претставници во функција на што подобро решавање на проблемите во локалните средини и поттикнување на граѓаните активно да се борат за решавање на своите проблеми и остварување на своите права во локалните средини.

Цели и резултати

Општа цел – Унапредување на процесот на децентрализација со вклучување на Месните и Урбани заедници.

Специфична цел – Јакнење на капацитетите и функционалноста на Месните и Урбани заедници како основна форма на локална самоуправа со што се унапредува и доградува децентрализацијата и се охрабрува непосредно одлучување на граѓаните на микро ниво, и поттикнување на граѓанско организирање во самите Месни и Урбани зедници.

Резултати

  • Детектирани главните проблеми поврзани со функционирањето и правната регулатива  на  Месните/Урбани заедници;
  • Добивање сознание дали и колку Месните/Урбани заедници како форма на граѓанско организирање се можеби единствените и најдобро организирани форми за решавање на проблеми на микро ниво од страна на претседатели на Месните заедници и членови на Совет;
  • Нотирани главните проблеми во Месните заедници и изготвени предлог решенија за подигнување на квалитетот на живот во Месните и Урбани заедници;
  • Мобилизирани локални ресурси и креирани партерства на локално ниво преку размена на идеи и позитивни практики помеѓу самите Месни и Урбани заедници, вмрежување и групирање околу остварување на заеднички цели;
  • Добивање на трајна алатка со примери за решавање на проблеми во Месните/Урбани заедници, законски прописи и позитивни пракси;

Активности

  1. Теренско истражување, анкетирање и разговори со жители во Месните заедници, и разговори и контакти со НВО од посочените географски региони;
  2. Фокус групи;
  3. Евидентирње и анализа на главните проблеми и типолошка поделба на Месните/Урбани заедници;
  4. Работилници и обуки;
  5. Изработка на прирачник за подобрување на работата и функционалност на Месните/Урбани заедници.

Веб страница