Здружението „Амброзија“ е активно на полето на прашања поврзани со животната средина, рурален развој и поттикнување на младинскиот активизам од 2004 година, со главен мотив спроведување на конкретни проекти за заштита на животната средина и одржливо искористување на природните ресурси.

Визијата на здружението „Амброзија“ е зајакната организација со висок степен на граѓански активизам – двигател на општествени промени за одржливо користење на природните ресурси.

Мисијата е подобрување на квалитетот на живеење, преку активности насочени кон поддршка на руралниот развој, заштита на животната средина и справување со климатски промени, едукација на граѓаните за правилно искористување на природите ресурси и младински активизам.

Главни области на делување на организацијата се прашања поврзани со животната средина и поттикнување на младински активизам, како и рурален развој.

Конституенти

Активни членови, волонтери, млади од општината и регионот, соработници- правни и физички лица од различни профили.

Наслов

Преку интегрирано делување до намалување на миграциите

За што е потребна акцијата

Со проектот ќе се акцентира проблемот со миграциите особено во  микро регионот кој ги опфаќа општините Пехчево, Берово, Делчево и Македонска Каменица и ќе се истражат причините за тоа.

Цели и резултати

Цел

Иницирање на интегрирано дејствување за општествени промени за намалување на миграциите.

Резултати

  1. Утврдена фактичка состојба со мигрирањето- причини за иселување и потребите;
  2. Зајакнати капацитети на засегнатите страни;
  3. Вмрежено (заедничко дејствување) на засегнатите страни за намалување на миграциите.

Активности

  • Креирање на прашалник и спроведување на анкета за главните причини за миграциите и потребите;
  • Анализа на состојбата преку фокус интервјуа со иселени лица и потенцијални иселеници;
  • Видео запис (краток филм) во кој ќе бидат сублимирани резултатите од анкетата и од фокус интервјуата;
  • Јавна расправа за презентирање на резултатите (промовирање на филмот) со вклучување на сите засегнати страни;
  • Спроведување на обуки за јакнење на капацитетите на целните групи во согласност од потребите кои претходно ќе произлезат и презентирање на можностите;
  • Завршна конференција за донесување на заклучоци и насоки за натамошно делување.

Буџет

366.300 МКД