Вкупен буџет: 1.799.800
Времетраење: 01.7.2016 – 30.4.2018

Женски Форум-Тетово (ЖФ) е здружение, основано во јануари 2001 во Тетово, како Форум на албанска жена за поддршка на жените од руралните средини за еманципација и вклучување во општествените текови. Од 2008 година, организацијата е преименувана во Здружение Женски форум – Тетово. Седиштето е во Тетово, но активностите се реализираат во регионот на северниот и западниот дел на РМ.

ВИЗИЈА: Женски форум – Тетово се стреми кон еманципацијата на жената, особено од руралните средини; самоосвестување на жената и подигнување на свеста за нејзиниот нерамноправен статус во општеството; заштита на човековите права и еднаквост меѓу половите.

МИСИЈА: Женски форум – Тетово е невладина организација која работи во северниот и западниот дел на Македонија на подигање на свеста на жената за нејзино осамостојување, јакнење на нејзината самодоверба и непречена интеграција во општествените текови. ГЛАВНА ЦЕЛ: Промовирање на жената како рамноправен партнер во донесувањето одлуки и придонесување кон зајакнување на жената во заземањето значајни улоги во развојот на цивилното општество во Македонија.

СТРАТЕШКИ ЦЕЛИ И ПРОГРАМИ за 2013-2016 година се: 1) Институционален развој 2) Економски развој и јакнење на жената 3) Заштита и унапредување на човековите права.

Конституенти

Жени со искуство и експертиза од областите на делување кои добро го познаваат теренот, блиски се и соодветно одговараат на интересите и потребите на корисниците (кои се жртви на семејно насилство, потенцијални жртви на трговија со луѓе, жени на кои им е потребно финансиско осамостојување, ромски и маргинализирани деца и семејства). ЖФ брои 39 членови и 13 волонтери. Конституентите се на различна возраст и образовни профили. Има соработка со Општина Тетово, ЦСР, СВР, Биро за развој на образование, медиуми и други кои ги смета за свои поддржувачи. Соработува со други ГО и членува во национални мрежи.

Претходно искуство

  • Граѓанска акција за родова еднаквост
  • Со економско зајакнување кон родова еднаквост
  • Зголемување на пристапот до Ран детски развој за ромски и маргинализирани деца и семејства.

За проектот поддржан од Цивика мобилитас

Економско зајакнување на жените во Полошкиот регион преку застапување и промовирање на нивните имотни права

За што е потребна акцијата

Основната димензија на нееднаквоста и потчинетоста на жената во Република Македонија и конкретно во Полошкиот регион е нејзината економска нееднаквост. Ова е особено изразено во областа на имотните и наследните права. Додека жената е формално правно изедначена со мажот во сопственоста и наследувањето, патријархалната традиција во голема мера ја исклучува жената од пристап до имотни права (поделба на имот, добивање на наследство). Во најголема мера мажите се привилегирани како сопственици и наследници, додека жените често немаат никаква сопственост. Тоа ја зацврстува нивната положба на потчинетост и зависност од мажот и е основна димензија на родова дискриминација во Република Македонија. Оваа дискриминација често се спроведува со волна или неволна согласност на самата дискриминирана страна. Феноменот машките деца да го добиваат целиот имот, а женските да не добиваат ништо е посебно изразен во руралните средини. Во Полошкиот регион жените во најголема мера не можат да ги остварат своите законски имотни и наследни права.

Цели и резултати

Општа цел – Придонес кон економско зајакнување на жените во Полошкиот регион.

Специфична цел – Поттикнување и придонес кон остварувањето на имотните (и наследните) права на жените во Полошкиот регион.

Резултати

  • Свеста на жените (и на целокупната јавност) од Полошкиот регион за нивните имотни (и наследни) права е подигната преку дебати, советувања, и јавна кампања
  • Остварувањето на имотните (и наследните) права на жените во Полошкиот регион е подобрено преку служба за правна помош
  • Мрежа на релевантни чинители (ГО, ЛС, правни експерти, медиуми. итн.) е формирана и активирана на полето на промовирање на имотните права на жените во Полошкиот регион.

Активности

  1. Спроведување, објавување, и промовирање на истражување за состојбата со имотните и наследните права на жените во Полошкиот регион.
  2. Организирање на најмалку 6 јавни дебати со релевантни чинители (ГО, медиуми, ЛС, правосудни органи, итн.) за имотните права на жените.
  3. Организирање на најмалку 20 локални советувања (со акцент на рурални средини) за конституенти (жени) за нивните имотни права.
  4. Организирање на јавна кампања (постери, летоци, и други промотивни материјали)
  5. Воспоставување на служба за правна помош за имотни и наследни права на жените.
  6. Обезбедување на бесплатна правна помош (советување).
  7. Организирање на најмалку 30 индивидуални и групни состаноци со релевантни чинители (ГО кои работат во родова еднаквост, човекови права, медиуми. ЛС, итн.) за придобивање на нивна поддршка за промовирање на економските права на жените.
  8. Координирање на релевантните чинители во мрежа.
  9. Организирање на најмалку четири координативни состаноци на мрежата за цел разгледување на состојбите и предлагање на конкретни мерки.

Веб страница