Вкупен буџет: 1.899.815
Времетраење: 01.7.2016 – 31.3.2018

Основната цел на Акција Здруженска (АЗ) е унапредување на родовата еднаквост преку застапување за развој и примена на јавни политики за постигнување еднакви можности за жените и мажите, социјална инклузија и почитување на правата на жените. АЗ промовира култура на родова еднаквост и недискриминација; одговорно, транспарентно и отчетно владеење на полето на родовата еднаквост и правата на жените; зајакнување и поддршка на локалниот женски активизам и градење капацитети и интензивирање на јавната дебата, дијалог и соработка за прашањата поврзани со родовата еднаквост и правата на жените. Основна определба на АЗ е да ги јакне знаењата, вештините и способноста за идентификување и одговор на специфичните потреби на РМ во поглед на родовата нееднаквост. Спецификата на АЗ е застапувањето засновано на истражување, односно континуираното и систематско следење, критичка проценка и документирање на процесот на развивање и имплементација на националните политики, законодавството и практиките за унапредување на родова еднаквост придонесувајќи со учество и усвоени предлози во областа на семејното насилство, Законот за еднакви можности на жените и мажите, Стратегијата и Акцискиот план за родова еднаквост, и со развиени и применети алатки за операционализација на законските обврски за унапредување на родовата еднаквост.

Конституенти

Здруженија на граѓани, активистки, жени, девојки, национални и локални институции, меѓународни организации.

Претходно искуство

  • Родова рамноправност во локалните буџети
  • Меѓугранична еднаквост и родова интеграција
  • Ефективен одговор за родова еднаквост од страна на локалната самоуправа.

За проектот поддржан од Цивика мобилитас

Застапување на родово инклузивни локални буџети

За што е потребна акцијата

Недоволните ресурси за развој (човечки и финансиски) како и недостигот од посеопфатни специјализирани програми за зајакнување и поддршка резултира со се помал број локални женски организации кои се активни и реализираат активности кои во фокусот ги имаат правата на жените и родовата еднаквост. На подолг рок, а во отсуство на внимание на родовата еднаквост кај останатите поразвиени локални организации, овие недостатоци ќе резултираат со се помало влијание на локалните женски организации како клучни актери во застапување на позитивни промени во статусот на жените и родовата еднаквост, а со тоа и понатамошна маргинализација на овие прашања во локалните политики.

Цели и резултати

Општа цел – Унапредување на третманот на родовите прашања во програмското и буџетското планирање на локално ниво.

Специфична цел – Да се зајакне улогата на локалните женски НВО за промоција на интересите на жените и родовата еднаквост во процесите на годишно планирање и буџетирање.

Резултати

  • Зајакнати се знаењата и вештините на женските НВО за следење и застапување на специфичните потреби на жените во буџетските процеси на ЕЛС
  • Обезбедени се релевантните информации за приоритетните потреби изразени од самите жени во заедницата и нивниот третман во буџетските процеси
  • Промовирана е релевантноста на родовата еднаквост во управувањето со јавните финансии помеѓу жените во заедницата и локалните чинители.

Активности

  1. Селекција на организации и општини (Р1)
  2. Реализација на тримодуларна програма за обука на тема „Родот во буџетското планирање“ (Р1)
  3. Реализација на три работилници за примена на методологија за следење и подготовка на извештај од следење (Р1)
  4. Партиципативно истражување (Р2)
  5. Спроведување на улична анкета во пет општини (Р2)
  6. Спроведен мониторинг во пет општини (Р2)
  7. Подготовка на публикација со сумарни наоди и препораки од следењето (Р2)
  8. Спроведена теренска кампања во пет општини (Р3)
  9. Спроведени 10 средби за консултации и дебата со претставници од ЕЛС и други локални чинители (Р5)
  10. Завршен промотивен настан (Р5)

Веб страница