Вкупен буџет: 2.524.708
Времетраење: 01.4.2016 – 31.3.2018

Институтот за човекови права (ИЧП) е основан со цел промовирање, унапредување и заштитата на човековите права и слободи преку континуирана едукација на професионалната јавност и анализа на состојбите, организирање на стручни дискусии во рамките на правната професија и дискусии за општата јавност. „Homo sum, humani nihil a me alienum puto” (Јас сум човек, ништо човечко не ми е туѓо) е амблемот на ИЧП кој во опсегот на својата работа и делување ги има граѓаните на Република Македонија и претставниците на различните професии и здруженија кои работат во областа на промовирање, гарантирање и заштита на човековите права. ИЧП ги остварува своите активности во соработка со државни органи и институции, граѓански организации од Р.М. како и регионални и меѓународни институции/организации од областа на заштитата на човековите права.

Конституенти

ИЧП има 54 членови, петмина вработени и еден волонтер. Повеќето членови на ИЧП се истакнати експерти, кои се вклучени во реализацијата на активностите на проектите како експерти, консултанти, истражувачи и сл. Тие заедно со младите и амбициозни членови на ИЧП сочинуваат една компатибилна целина која ги штити човековите права на сите граѓани во Р.М. и овозможува нивна поширока промоција.

Претходно искуство/проекти

Компаративно и историско истражување на лустрацискиот процес во други пост- комунистички земји од Централна и Источна Европа; Зајакнување на надлежноста и капацитетите на граѓанските организации (ГО) кои ги претставуваат интересите на малцинствата и поддршка на промоцијата и заштитата на правата и слободите на малцинствата кои се помалку од 20% од населението на земјата, односно Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци и другите помали заедници;

Промовирање на поголемо разбирање за темите поврзани со судската независност и непристрасност, реализирано преку спроведување на истражување во насока на утврдување на перцепцијата на граѓаните, судиите и властите за независноста на судовите и непристрасноста при одлучувањето.

Веб страница