Вкупен буџет: 2.500.000
Времетраење: 01.1.2017 – 30.6.2018

Мировна акција е оформена 2001 година со обединување на повеќе неформални групи на активисти/ки и приговарачи на совеста. Во првите пет години од постоењето, акцентот во работата бил ставен на признавање на приговорот на совеста (ПС), потоа на негова имплементација и консеквентно на укинување на задолжителното служење на воен рок кое се случи во 2006 год.
Визија: Активни граѓани и граѓанки ги остваруваат своите интереси во свет без војни.
Мисија: Здружението Мировна акција е непрофитна организација на активисти и активистки кои активно работат на промоција на мирот и културата на ненасилство.

Конституенти

Конституентите на Мировна акција денес се првенствено мировните активисти/ки, луѓе од поранешните кризни региони кои чувствуваат потреба дека тие случувања не треба да се забораваат и треба да учиме како да се справуваме со нив низ еден конструктивен процес, поранешни внатрешно раселени лица, поранешни бегалци (со или без формален статус), воените ветерани и потенцијално нивните семејства.

Претходно искуство/проекти

Од 2006 година Мировна акција започна со работа и на втората програма „Регионалната програма за антидискриминација“ која се фокусираше на јакнење на младите за препознавање и реагирање на разни појави на дискриминација. Програмата за соочување со минатото започна во 2008 година со фокус на собирање на животни приказни за војната во 2001 година во Македонија. Програмата опфаќа и публикување на книги со животни приказни, списанија поврзани со темата, собирање на книги, списанија и друг материјал за војната во 2001 во Македонија, како и одржување на тренинзи за изградба на мир со учесници од кризните региони во 2001 година. Оваа програма опфаќа и работа со директните учесници од војната, од двете страни. Во февруари 2016 започна реализацијата на програмата за Поддршка за спроведување на програмата на МИО во училиштата во Македонија.

Веб страница