Кратка биографија

Студира додипломски студии на Универзитетот Берн на отсекот Економија и психологија. Своето истражувачко искуство го стекнала преку практична настава во владината институција за Економија и општествени истражувања и преку преведување на истражувачки студии од германски на англиски јазик.

Во моментот е член на Студентскиот парламент и е на чело на студентското претставништво на Универзитетот во Берн.

Цели

Учество во истражувачкиот проект на Центарот за истражување и креирање политики „Скриена економија“. Ова е одличен начин да се направи преглед на економската и социјална ситуација во Македонија и да се спореди со таа во Швајцарија.

Активности

Ова истражување главно содржи анализа и евалуација на податоците од спроведената анкета со помош на софтверот СПСС, како и собирање податоци за придонесот на социјалната безбедност и даночните приходи во Албанија и Косово. Преку добиените податоци ќе се донесе заклучок за состојбата на даночните приходи со цел да се стави во контекст промената во приходите низ годините.

Значење на размената

Според резултатите од претходните истражувања на ЦРПМ „Скриена економија“ претставува економски важна тема. Високите стапки на невработеност, непријавената работа, неисплатата на придонеси, како и корупцијата заедно со даночната евазија веќе подолго се актуелни проблеми во Македонија. Со своето искуство, Викторија може да придонесе за пренос на знањето за позитивните практики и процеси во Швајцарија.

Времетраење: 13.1.2017 – 13.2.2017

Буџет: 52.500 МКД