Вкупен буџет: 2.970.200
Времетраење: 01.1.2017 – 30.6.2018

Центарот за развој на медиуми (ЦРМ) е основан во 2002 година, од група правници и новинари, чија основна мотивација беше да дадат придонес кон уредување на медиумскиот систем, преку предлагање и промоција на медиумски политики што ќе водат кон воспоставување и раст на вистински отворен, демократски и плуралистички медиумски систем. Визијата на ЦРМ е слободен, плуралистички и самоодржлив медиумски сектор, почитуван од општеството, ослободен од сите форми на политичко влијание, во кој медиумското законодавство е целосно усогласено со стандардите на ЕУ. Мисијата на ЦРМ, како клучна граѓанска организација на полето на медиумското законодавство и политики, на македонското општество да му нуди релевантни и одржливи медиумски политики и правна експертиза, и да го надгледува спроведувањето на постоечката правна и политичка рамка од перспективата на слободата на медиумите и информациите.

Конституенти

Основни конституенти на ЦРМ се медиумите и медиумските професионалци/новинари. Пошироко, конституентите на ЦРМ ги вклучуваат и носителите на одлуки и политики во областа на медиумите (регулаторни тела, министерства и Собрание на Р.М), другите ГО што работат во областа на медиумите и човековите права, и општата јавност.

Претходно искуство/проекти

Главниот фокус и активности на ЦРМ се следењето на примената на медиумското законодавство, односно работата на телата задолжени за неговата примена – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Македонската радио-телевизија. ЦРМ ја набљудува работата на телата задолжени за спроведување на медиумското законодавство преку монитори присутни на седниците на советите на двете институции – Совет на АВМУ и Програмски совет на ЦРМ, како и документите и одлуките на тие тела.
ЦРМ подготвува и предлага документи за јавни политики и законодавни решенија со цел да се подобри законодавниот и општиот амбиент за функционирање на медиумите во вистински слободен, плуралистички и самоодржлив медиумски сектор. ЦРМ беше автор на вториот Закон за радиодифузија на РМ, усвоен во 2005 година (во 2013 година заменет од Законот за аудиовизуелни медиумски услуги).

Веб страница