Здружението „Центар за развој и едукација на општеството Либрариа е чаршис Скопје“ е доброволно и независно здружение на граѓани. Основната цел на здружението е развој и едукација на општеството, како и зајакнување на демократските институции и процеси.

Посебни цели и задачи кои придонесуваат кон остварување на основната цел се: поттикнување на едукацијата на граѓаните како еден од условите за постигнување одржлив развој на општеството; подигнување на свеста и едукација на граѓаните за потребата и предностите од нивното вклучување во политичките процеси.

Здружението ги остварува своите цели и задачи преку организирање на едукативни средби, семинари, конференции како и преку остварување на соработка со други организации и здруженија од земјава и од странство, партнерства и коалиции за имплементирање на заеднички проекти, одржување на  средби за разменување на мислења и идеи.

Конституенти

Директни корисници: тимот на Цивика мобилитас, добитниците на грантови и нивните партнери; Дополнителни корисници: останати апликанти, учесници и пошироката јавност.

Наслов

ЕЛЕКТРОНСКА ПЛАТФОРМА ЗА СОБИРАЊЕ И РАЗМЕНА НА ИНФОРМАЦИИ

За што е потребна акцијата

Во ерата на информатичко општество е неопходна е-Платформа преку која ќе се изврши модернизација на тековното работење на било која организација. Освен како јавен веб сајт за прикажување на информации од јавен и општ карактер е-Платформата треба да служи и како централизирано место во кое ќе биде организиран целиот проток на информации, документи и содржини во организацијата. Околу е-Платформата може да се понудат сервиси и услуги кои дополнително може да влијаат да подобрување на тековната состојба во граѓанскиот сектор и организациите во него.

Цели и резултати

Цел

Зголемување на видливоста на активностите на Цивика мобилитас, зголемена ефикасност и колаборација меѓу тимот на Цивика мобилитас и сите добитници на грантови. Изградба и одржување на електронска платформа која ќе биде централно место каде ќе се слеваат сите информации поврзани со спроведувањето на програмата Цивика мобилитас.

Резултати

  • Поширока видливост на активностите на Цивика мобилитас
  • Зголемена ефикасност и соработка меѓу тимот на Цивика мобилитас и добитниците на грантови
  • Поттикнување на поголем развој на целото граѓанско општество како сектор и кон јакнење на самите граѓански организации

Активности

  1. Имплементација на функционалност за автоматско собирање и прикажување на вестите од локалните сајтовите на сите добитници на грантови на Цивика мобилитас
  2. Имплементација на функционалност за објавување на вести од страна на корисниците на платформата кои ќе бидат администрирани од Цивика мобилитас
  3. Имплементација на функционалност за автоматско известување на корисниците за новости и други активности во форма на е-билтен (newsletter)
  4. Имплементација на календар на настани распределени во категории со можност за пријавување на настани од самите корисници на платформата
  5. Имплементација на напредно пребарување во рамките на самата е-Платформа како и соодветна оптимизација со цел содржините од истата бидат високо рангирани на машините за пребарување (SEO – Search Engine Optimization)
  6. Имплементација на веб клипинг и следење на сите објави низ медиумите во Македонија кои се поврзани со активностите на Цивика мобилитас и добитниците на грантови

Буџет: 400.000 МКД

Времетраење: 1.9.2017- 31.12.2017