Центарот за човекови права Амос Битола е здружение на граѓани кое посветува сериозно внимание на следното: промовирање, имплементирање, застапување и образование за човековите права, женските човекови права, а пред се детските права, онака како што се содржани во меѓународните и домашните документи.

Конституенти

Деца од основните училишта од различна етничка припадност, активни во музиката, младинци кои се занимаваат со музика, општата јавност.

Наслов

МУЗИКАТА Е МОЈОТ ЈАЗИК

За што е потребна акцијата

Со моменталната политичка ситуација, јавноста е длабоко поделена по линија на етничка припадност, а посебно се забележливи жестоките дебати, протести и акции со акцент на можните уставни промени во однос на употреба на јазиците во Р. Македонија. Населението ја губи довербата во институциите, интегритетот на вработените во државните и јавни служби е на најниско ниво од осамостојување на државата, а во такви моменти етничката поделба и меѓуетничките тензии најмногу се разгоруваат.

Цели и резултати

Цел

Да се докаже дека како и во многу наврати во историјата, музиката ги надминува бариерите на етничка, религиска и јазична припадност и наместо да се фокусира на разликите, таа придонесува за сплотување на луѓето преку позитивна сублимација.

Резултати

  • Зајакната свест помеѓу населението во наведените општини, а и општата јавност во Македонија во контекст на дискриминација и етнички стереотипи
  • Фокус на јавноста врз она што сите го имаме заедничко, наместо врз разликите
  • Почитување на културолошките разлики и релаксација на меѓуетничките тензии

Активности

  1. Селекција на деца од училишна возраст кои се занимаваат со музика од сите етнички заедници, од основните училишта во Битола
  2. Припрема на програмата и проби за музички настан во соработка со четири наставници по музика
  3. Музички настан на кој ќе се изведуваат дела на сите јазици на етничките заедници во Македонија
  4. Работилница за недискриминација, предрасуди, стереотипи и против говорот на омраза и улогата на музиката во поврзување на различностите кај младите.
  5. Јавна кампања за промовирање на целта и активностите на оваа акција

Буџет: 320.840 МКД

Времетраење: 5.7.2017 – 4.12.2017

Веб страница