Вкупен буџет: 1.899.722
Времетраење: 01.7.2016 – 31.12.2017

Транспарентност Македонија (ТМ) е непрофитнa, watchdog граѓанска организација која дава придонес кон институционалното развивање на превентивните и контролните механизми насочени кон концептот на добро управување и владеење на правото и зајакнување на транспарентното, одговорно и отчетно однесување на носителите на власта во Република Македонија. Ваквите свои активности ТМ ги остварува, пред се, со методите на редовното мониторирање и јавно реагирање на состојбите во општеството во областа од своето делување.

Конституенти

Сите чинители кои учествуваат во процесот на креирање политики во Република Македонија. Оттука, групата на конституенти на ТМ ги вклучува граѓанските организации, стручната и експертска јавност, надлежните институции за мониторинг и контрола и локалната самоуправа. Сепак, имајќи ја предвид идејата за развој на еден процес на инклузивно и информирано носење на политики кои се однесуваат на сите граѓани на оваа држава, целта на ТМ е да му се обрати на поширок граѓански аудиториум кој има право да знае како се креираат политиките, како се трошат јавните пари и како се спроведуваат законите во областа на борбата против корупцијата и организираниот криминал во Република Македонија.

Претходно искуство

  • Програма на УСАИД за антикорупција
  • Месечни билтени за состојбите со корупцијата во РМ
  • Институтот “свиркач/укажувач” (whistleblower) во системот за борба против корупција во Република Македонија.

За проектот поддржан од Цивика мобилитас

Градење капацитети за транспарентност на грас рут организациите – Транс рут (Trans Root)

За што е потребна акцијата

Досегашното искуство на ТМ и екстензивниот мониториг на состојбите со земјата покажуваат дека во низа области во македонското општество, а особено во работата на државните органи и институции, континуирано се спроведува политика на нетранспарентно работење и незаконско и недомаќинско трошење на државните пари, при што се бројни случаите на кршење на законските процедури и принципите на отчетно и совесно управување со јавните средства и интереси. Оттука, валидна е оценката дека постои потреба од активности и проекти кои што ќе ги предизвикуваат овие состојби и ќе поттикнуваат реформски процеси.

Цели и резултати

Општа цел – Придонес кон зајакнување на учеството на граѓанското општество на локално ниво при креирањето на политики и механизми на донесување одлуки.

Специфична цел

Ефективна активност на ГО на локално ниво со практикување на релевантни алатки и вештини, како и подобрена нивна вклученост во општествени промени, преку делување во областите буџетска ефикасност, транспарентност и антикорупција на локално ниво.

Резултати

  • Развиени капацитети на четири локални граѓански организации, од планските региони Полог, Пелагониски, Североисточен и Скопски и менторство во примената на стекнатите знаења
  • Спроведени четири локални активности за транспарентност во Полог, Пелагониски, Североисточен и Скопски плански регион за тематските области: (1) буџетска ефикасност, (2) транспарентност и (3) антикорупција на локално ниво
  • Вклучување на локалните организации во постоечки национални мрежи и платформи за застапување
  • Дисеминирано знаење за тековните состојби во однос на избраните тематски области на локално и национално ниво.

Активности

  1. Развој на методологија
  2. Изработка на прирачник за ГО
  3. Градење на капацитетите на ГО преку пакет од четири обуки
  4. Менторство на четири активности за транспарентност
  5. Спроведување на локалните активности за транспарентност
  6. Мултипликација на знаењата и вештините за зголемена транспарентност на локално ниво
  7. Подготовки за вклучување во постоечки тематски платформи и мрежи на национално ниво
  8. Вклучување во постоечки тематски мрежи и платформи

Веб страница