Дамјан Темков и Бехар Весели се двајца просветни работници кои подолг период се дружат и работат заедно. Воспитувани се во духот на меѓусебното почитување и толернација. Таквиот однос секојдневно се развива и збогатува преку пренесување различни искуства кои ги стекнуваат, а ги согледуваат и практикуваат низ позитивна и конструктивна призма. Долгогодишното пријателство, колегијалност и меѓусебна почит, ги навеле да го продлабочат нивниот пример во насока на ширење на истиот меѓу нивните колеги и ученици.

Конституенти

Ученици од македонските и албанските паралелки од ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“.

Наслов

СИМБИОЗА

За што е потребна акцијата

Во моментов живееме во услови кога различните националности се среќаваат со јаз во сплотеноста кога станува збор за едукативниот процес. Со оформување училишен ансамбл, ќе се придонесе за зближување на културата на етникумите во државава, при што на учениците ќе им се развие свеста на едно повисоко ниво во насока на разбирање и почитување, како и подигнување на нивниот морал.

Цели и резултати

Цел

Ученици повеќе да се доближат и одблиску да се запознаат со различните култури и сфаќања за животот и општеството.

Резултати

Преку интерпретацијата на сплетови на песни со различни јазици, да се приближи контрастот на културите со цел – взаемно разбирање, почит и толеранција.

Активности

  1. Подготовка и изведба на интерактивни проби
  2. Изведба на концерти со употреба на песни/композиции превземени од различни, „спротивставени“ култури и етникуми.
  3. Организирање активности преку чие документирање ќе има основа за изработка на промотивен и пропаганден материјал со цел основната идеја на проектот да стане подостапни за поширокиот аудиториум.

Буџет: 350.000 МКД

Времетраење: 15.10.2016 – 14.4.2017