Регионалното географско друштво Геосфера- Битола е едно од најактивните географски здруженија во Македонија. Основано е во 2006 година од страна на наставници по географија од регионот на Битола, Демир Хисар и Ресен, со цел, промовирање на географијата како наука кај сите чинители во образовниот процес и заштита на животната средина во која живееме, како елементарен предуслов за квалитетен живот на целокупната биосфера.

Нивната визија е едукација за сите. Оваа визија ќе се постигне со приближување на географијата како наука до сите граѓани, преку непосредно практицирање на географскиот простор во кој живеат и зголемување на свеста кај граѓаните за проблемите со кој се соочуваме и потребата за изнаоѓање на мерки за заштита и унапредување на животната средина.

Конституенти

Граѓаните на град Битола, ученици и наставници од јавните училишта во Битола.

Наслов

СЛИКАЈ, ПОСТИРАЈ, АЛАРМИРАЈ!

За што е потребна акцијата

Во последните десетина година, Битола се соочува со енормно загадување на воздухот од ПМ честички, кои се одговорни за многубројни заболувања на респираторните органи кај населението од сите возрасти. Детектирањето на проблемите со загадувањето на воздухот во Битола на микро ниво е доста тешко, бидејќи на територијата на градот се поставени само две мерни станици (Битола 1, во индустриската зона на градот и Битола 2, во централното градско подрачје). Голем дел од населението во градот нема директна информација за загаденоста на воздухот во својата населба, како и за главните извори на загадувачи на воздухот (институции, индустриски објекти, пекари, индивидуални домаќинства и сл.). Покрај загадувањето на воздухот, како сериозен проблем се наметнува и недостатокот од инспектори за животна средина (во Општина Битола има само еден инспектор), кои сериозно ќе можат да пристапат кон решавање на проблемот, неизработениот катастар на загадувачи во градот и недостаток од мобилни-статични станици за мерење на квалитетот на воздухот на различни локации низ градот.

Цели и резултати

Цел

  • Подигнување на свеста кај младите, како и на сите граѓани на Битола за зачувување на животната средина;
  • Ќе се врши попрецизно мерење на загаденоста на воздухот на целокупната територија на град Битола (на дополнителни 8 локации);
  • Сите ученици од јавните училишта соодветно ќе бидат информирани на кој начин преку нивниот смарт мобилен телефон и соодветна GPS апликација да ги идентификуваат загадувачите на воздухот;
  • Изработка на прецизна географска карта со катастар на загадувачи на воздухот и истата, заедно со добиените резултати од повеќемесечното мерење на загаденоста на воздухот и предлог мерки за надминување на проблемите, ќе се достават до соодветните институции и ќе се промовираат до пошироката јавност.

Резултати

  • Подигнување на свеста кај младите, како и на сите граѓани на Битола за зачувување на животната средина;
  • Ќе се врши попрецизно мерење на загаденоста на воздухот на целокупната територија на град Битола (на дополнителни 8 локации;
  • Сите ученици од јавните училишта соодветно ќе бидат информирани на кој начин преку нивниот смарт мобилен телефон и соодветна GPS апликација да ги идентификуваат загадувачите на воздухот;
  • Изработка на прецизна географска карта со катастар на загадувачи на воздухот и истата, заедно со добиените резултати од повеќемесечното мерење на загаденоста на воздухот и предлог мерки за надминување на проблемите, ќе се достават до соодветните институции и ќе се промовираат до пошироката јавност.

Активности

  1. Организирање работилници со работните групи од училиштата
  2. Теренско истражување на ученичките групи
  3. Детектирање на главните загадувачи на воздухот
  4. Промоција на резултатите

Буџет: 332.000 МКД

Времетраење: 1.9.2017 – 28.2.2018

Веб страница