Вкупен буџет: 5.999.940
Времетраење: 01.4.2015 – 31.3.2018

Полио Плус – движење против хендикеп е граѓанска организација која 15 години активно работи на остварување на човековите права на граѓаните со хендикеп.

Визија – Полио Плус е лидер, активен креатор и носител на суштинските промени за градење на светот како општество, во кое сите лица со хендикеп учествуваат целосно, како еднакви граѓани. Полио Плус, потпирајќи се на индивидуалните вредности, како прилагодлива, истрајна и одржлива организација, а преку искористување на процесите и механизмите на посредната демократија, заедно со другите чинители, го промовира и наметнува пристапот за еднакви можности кој обезбедува учество на лицата со хендикеп во главните општествени текови.

Мисија – Полио Плус е граѓанска организација на лица со и без хендикеп која работи на суштинско поврзување и целосно остварување на основните човекови права и слободи на лицата со хендикеп. Мисијата на организацијата е јакнење на самодовербата на лицата со хендикеп и креирање на општество со еднакви можности за сите. Мисијата ја остваруваат преку застапување и лобирање за промена и унапредување и независното живеење на лицата со хендикеп од една, како и подигнување на јавната свест, афирмирање на нивната креативност и придонес во заедницата од друга страна. Својата мисија Полио Плус ја остварува заедно со другите чинители во општеството.

Kонституенти

Главните конституенти на организацијата се граѓаните со хендикеп (физичка, сензорна и интелектуална попреченост), дополнително, во оваа група се опфатени и родителите на децата со хендикеп, како и различни чинители и актери во нашето општество.

Претходно искуство/проекти

Организацијата работи низ пет стратешки одредици/програми на делување:

Правна програма – целите во оваа програма се системската промена на голем број закони и усогласување на мекедонското законодавство со Конвенцијата на ООН за правата на лицата со хендикеп.

Образовно-економска програма чии цели се насочени кон системска промена во образованието и овозможување на инклузивно образование на граѓаните со хендикеп со цел адекватно вклучување на граѓаните со хендикеп во отворениот пазар на труд.

Социјална политика – која опфаќа насоки кон промоција на концептот за независно и достоинствено живеење, како и креирање на сеопфатна кохерентна политика за регулаторните механизми за социјални сервиси за поддршка.

Полио плус делува и влијае за вклучување на прашањето на хендикепот повисоко на сечија агенда како и на промена на менталитетот и прифаќање на феноменот хендикеп како состојба во која единствена препрека е бариерата поставена помеѓу опшеството и човекот со права и достоинство.

Веб страница