Вкупен буџет: 1.403.455
Времетраење: 01.8.2015 – 31.7.2016

Основана е во 1996 г. и освент советодавното биро во Скопје, во неа членуваат и организациите на потрошувачи од Битола, Кочани, Охрид, Тетово и Штип. ОПМ има големо искуство во застапување за законска регулатива и политики за заштита на потрошувачите, едукација и совети на потрошувачите, вмрежување и партнерства. ОПМ го иницираше воведувањето и учествуваше во подготовката на првиот Закон за заштита на потрошувачите во 2000 г., и новиот од 2004 г. Од 2005 г. ОПМ учествува во спроведувањето на програмата на владата за заштита на потрошувачите.

Конституенти

Конституенти на ОПМ се сите граѓани како потрошувачи.

Претходно искуство

  • Имплементација на програмските активности за 2011 на ОПМ за подобрување на состојбата со потрошувачите (СДЦ – ЦИВИКА Мобилитас)
  • Имплементација на програмските активности за 2012 на ОПМ (СДЦ ЦИВИКА Мобилитас)
  • Обезбедување на поддршка за потрошувачките организации за зајакнување на заштитата на потрошувачите во Република Македонија во 2014 година (Министерство за Економија)

За проектот поддржан од Цивика мобилитас

„Зајакнување на капацитетите на граѓанското општество за поттикнување и заштита на потрошувачите и нивните права“

За што е потребна акцијата

За општествена промена во Македонија, вклучувајќи подобра соработка меѓу граѓанските организации и меѓу нив и властите, која ги одразува потребите на граѓаните, преку зајакнување на невладините организации за заштита на потрошувачите.

Цели и резултати

Општа цел – Зајакнување на капацитетите на граѓанското општество за поттикнување и заштита на потрошувачите и нивните права.

Специфична цел – Зајакнување на капацитетот и релевантноста на граѓанските организации за заштита на потрошувачите; Засилување на соработката на граѓанското општество со надлежните органи за подготовка и спроведување на потрошувачките политики; Подобрување на опкружувањето на државно ниво за вклучување на граѓанското општество во натамошно развивање на потрошувачката легислатива, како и во подобрување на државното правно опкружување за организациите на потрошувачи.

Резултати

  • Иницирано подобрување на одредбите на Законот за заштита на потрошувачи во однос на потрошувачките организации;
  • Зголемено вклучување на граѓанското општество во формулација и имплементација на политиките, врз основа на најдобрите практики од ЕУ;
  • Надградени стандарди за услуги за потрошувачите во локалните јавни комунални претпријатија.

Активности

  1. Развивање на предлог за политика за подобра заштита, претставување и застапување на потрошувачките интереси од потрошувачките организации во согласност со политиките и решенијата на ЕУ;
  2. Подобрување на соработката меѓу граѓанското општество, локалните власти во Скопје и давателите на локални комунални услуги во однос на воспоставување и спроведување на локални политики за заштита на потрошувачите

Веб страница