Вкупен буџет: 2.850.000
Времетраење: 01.4.2015 – 31.3.2018

Мултиетничкото здружение „Флоренс Најтингел“ е формирано во постконфликтниот период во Македонија поради намалената комуникација и интеракција меѓу жените од различните етнички заедници. Групата прераснала во граѓанска организација во 2002 година.

Таа е една од водечките организации во Кумановско-Липковскиот регион на планот на семејното насилство и родовата рамноправност. Мултиетничката нота во структурата и делувањето на организацијата ја прави прифатлива за широк круг на граѓани како од урбаните така и од руралните места што е додатна специфика на организацијата.

Конституенти

Конституенти на Флоренс Најтингел се жртвите на семејно насилство, жените, младите лица како и поддржувачите и соработниците и стручните лица од нивната област на делување.

Претходно искуство/проекти

Во своите проекти организацијата ги вклучува институциите кои работат со соодветната проблематика, а соработува со речиси сите здруженија активни на полето на младинските и етничките прашања, семејното насилство и родовата рамноправност. 

ФН е регистрирана во Регистарот на МТСП како здружение кое работи во областа на социјалната заштита.