Здружението за развој, претприемништво и претприемачко учење МАРВЕЛ-АДЕЕЛ е формирано во октомври 2012. Неговата визија е преку развојот на иновациите и претприемачкото учење да се стимулира самовработувањето, формирањето на нови бизниси и да се создаде поконкурентна економија која ќе биде основа за формирање на иновативно општество базирано на знаење.

Основната мисија на МАРВЕЛ-АДЕЕЛ е нудење на знаење, поддршка и бизнис контакти на постоечките и идните претприемачи, мали и средни претпријатија (МСП) и на лидерските/извршните тимови на граѓанските здруженија и јавните институции. Основната дејност на организацијата е промоција на претприемачката култура во општеството и користење на новите и иновативни пристапи во маркетингот и промоцијата на организациите/институциите со цел подобрување на тековната состојба во македонското општество. Нивната основна цел е креирање на поконкурентна економија која претставува основа за создавање на иновативно општество базирано на знаење.

Конституенти

Млади, невработени лица, жители на рурални средини, лица на работ на социјална ексклузија, локалните самоуправи од Источниот, Вардарскиот и Југоисточниот плански регион, како и со центрите за развој на планските региони, невладини организации, фондации и асоцијации.

Наслов

И НИЕ СМЕ ДЕЛ ОД ОПШТИНАТА

За што е потребна акцијата

Жителите на помалите заедници од општините Штип, Карбинци, Кочани и Свети Николе, посебно оние жители кои живеат во руралните области (селата), најчесто не се од примарна важност во рамките на локалните самоуправи. Многу често се случува нивниот глас да не се слуша и соодветно на тоа да не се решаваат проблемите кои ги имаат тие луѓе во општините. Проблемите кои тие ги имаат се од животен карактер, и вклучуваат: немање инфраструктура, водовод, лекар и ординација, катастарски проблеми и сл. Истовремено и медиумите многу малку знаат за нив или воопшто не знаат, пред сè поради нивната оддалеченост од центрите. На нив често се гледа како на граѓани од втор ред. Жителите на овие помали заедници не знаат како да го привлечат вниманието на локалните самоуправи и медиумите и најчесто се одлучуваат за спорадични индивидуални средби со лица од локалните самоуправи без притоа да ја искористат моќта на медиумите.

Цели и резултати

Цел

Основна цел на проектот е зголемување на свесноста и активноста на граѓаните и локалните жители на помалите заедници во општините Штип, Карбинци, Кочани и Свети Николе за решавање на проблемите во нивните општини. Преку проектот граѓаните ќе се едуцираат да поттикнат акција и ќе се поттикнат да делуваат во промовирање и решавање на проблеми кои ги засегаат нив, притоа придонесувајќи кон активно граѓанство.

Резултати

  • Одржани 12 работилници во руралните средини во општините Штип, Карбинци, Кочани и Свети Николе;
  • Информирани 100 лица на работилниците, од кои 50% ќе бидат лица од помалите етнички заедници;
  • Изработени четири предлог акции и доставени до општинските власти во Штип, Карбинци, Кочани и Свети Николе;
  • Одржана конференција за поттикнување на акција на помалите заедници и нивно учество во решавање на проблеми во општините Штип, Кочани Карбинци и Свети Николе;
  • Публикувани најмалку 20 објави за проектот и проектните активности објавени во локалните и регионалните медиуми;
  • Изработени и дистрибуирани промотивни материјали за проектот.

Активности

  1. Информативни активности со локалните самоуправи во Штип, Карбинци, Кочани и Свети Николе за претставување на проектот и активностите кои ќе бидат имплементирани
  2. Спроведување на еднодневни работилници во 12 заедници (села) во Македонија
  3. Испорака на изработените акции и документи со презентирани локални проблеми до локалните власти и медиумите со цел решавање на истите
  4. Одржување конференција за поттикнување на акција на помалите заедници и нивно учество во решавање на проблеми
  5. Промоција на проектот, изработка на промотивни материјали
  6. Финална прес-конференција на која ќе бидат претставени остварените резултати и ќе бидат изработени и доставени граѓански акции

Буџет: 379.000 МКД

Времетраење: 1.5.2017-31.10.2017

Веб страница