Вкупен буџет: 1.790.000
Времетраење: 01.8.2015 – 31.12.2016

Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје е основан на 30.9.2011 како научно-истражувачка установа. Институтот е непрофитна тинк-тeнк организација посветена на произведување на решенија за важни политики што се однесуваат на слоевитите политички процеси во Македонија, гледани во нивниот регионален и европски контекст.

Институтот е организиран на три оддели и тоа:

  • Оддел за истражување на политики;
  • Оддел за обуки и дисеминација на решенија за политики;
  • Оддел за студии на политики, родови студии и студии на културата.

Конституенти

Граѓански организации, активисти, меѓународни организации и институции на РМ.

Претходно искуство

  • Анализа на политики и закони кои влијаат на слободата на изразување (USAID/FOSM)
  • Справување со кризата и јакнење на левицата во Македонија (RosaLuxemburgStiftung)
  • Градење на алијанси за слободно новинарство и демократско општество (USAID/FOSM)
  • Инклузивен грасрут ЛГБТИ активизам (n/a)
  • Градење на ефективни родови политики на локално ниво (Un Women)

За проектот поддржан од Цивика мобилитас

„Граѓанските организации во промоција и застапување на правото на слобода на изразување и застапување“

За што е потребна акцијата

Проектот ќе придонесе кон општиот развој на граѓанското општество и процесите ориентирани кон општествена промена и  демократизација преку развивање на модел кој ќе биде базиран на податоци од истражување.

Цели и резултати

Општа цел – Зајакнување на знаењата и капацитетите на граѓанските организации за промовирање, заштита и застапување на слободата на здружување и изразување.

Специфична цел – Да се развие модел за промоција и застапување во граѓанските организации и негово вклучување во процесите на креирање на политики преку искористување на правото на здружување и слобода на изразување.

Резултати

  • Добиени сознанија за ефектите од правните регулативи врз слободата на изразување и учество на граѓаните во граѓански иницијативи;
  • Разработка на политики и делување на граѓанските организации кон вклучување во процесот на креирање на политики;
  • Невладини организации со изградени капацитети за промоција, заштита и застапување на слободата на изразување и здружување.

Активности

  1. Истражување на ефектите од законските регулативи, особено хипер регулацијата врз мотивацијата на граѓаните за нивно вклучување во демократските процеси, слободно изразување и вклучување во граѓански иницијативи;
  2. Разработка на модел за промоција и застапување на граѓанскиот активизам врз основа на добиените податоци од истражувањето;
  3. Обуки за зајакнување на граѓанските организации за промоција, заштита и застапување на слободата на изразување и здружување преку модели за нивно локално дејствување и креирање на политики.

Веб страница